ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Таравари: Партиските органи ќе одлучат за излегувањето од Владата, на Мицкоски лично ќе му објаснам

May 12, 2025 10:07
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Лидерот на крилото на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари вчера на отворањето на изборниот штаб за локалните избори во Врапчиште најави дека партиските органи ќе одлучат за излегувањето од владината коалиција и оти конечната одлука ќе биде соопштена наредниве два дена. Најави дека ќе разговара лично со  премиерот Христијан Мицкоски за јасно и точно да му каже за одлуката.

Во коалицијата, оцени Таравари, „не добиле поддршка за промените кои Албанците ги барале и очекувале“.

– Владата некако се изгуби на патот кон ЕУ. Гледате, состојбата во државната администрација, има извонредна маргинализација и тенденција Албанците да бидат маргинализирани. Алијанса за Албанците утре или задутре ќе решаваат за излегување од Владата. Кога сите трчаат да влезат во Владата, ние сме навикнати да ја напуштаме Владата. Ја напуштаме Владата за да се вратиме посилни, особено во локалната самоуправа, а потоа и во централната власт, рече Таравари.

Тој дополни дека „не сака да бидат марионети во Влада и членовите и активистите на нивната партија да мислат дека не се грижат за нивните интереси“.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, синоќа официјално ја промовираше кандидатурата на Исен Шабани за градоначалник на Врапчиште. Шабани ќе се кандидира за трет мандат на локалните избори што ќе се одржат во октомври. На собирот одржан со жителите од оваа полошка општина, Таравари ги истакна посветеноста и резултатите на Шабани и искажа уверување дека тој е најдобриот избор за продолжување на развојот на општината. Кандидатот за градоначалник пак напомена дека причината за неговото повторно номинирање се самите жители на оваа општина, кои, како што рече, му даваат поттик да продолжи да работи. Во оваа прилика, тој спомена дел од инвестициите направени во рок од 8 години, притоа наведувајќи дека акцентот е ставен на образованието.

Таравари, коментирајќи ја вчерашната изјава на премиеротХристијан Мицкоски, оцени дека премиерот изминатиот период бил под голем притисок и оти му е жал што станал жртва на некои „уверувања“.

Во изјава за ТВ 21 тој посочи дека лично ќе разговара со Мицкоски за да му ги објасни подобро работите околу одлуката на неговото крило на Алијанса за настап на локалните избори во октомври со самостојни листи на советници.

– Премиерот Мицкоски во последно време беше и е под голем притисок поради неколку работи и жал ми е што слушам дека и тој станува жртва на овие ‘уверувања’. Единствената вистина е дека ние како партија одлучивме да излеземе со посебни листи на советници на локалните избори. Оваа одлука не беше добро примена од страна на албанската група во владата и тие покренаа илјада алибија. Ние повеќе не сакаме да бидеме дел од оваа клима на гласини и заговори што е создадена. Овие политичари Албанци што се во владата, за жал, не можат да се променат, тие се потомци на стариот политички менталитет. Сепак, ќе разговарам лично со г. Мицкоски за јасно и точно да му кажам за нашата одлука, вели Таравари.

Мицкоски вчера оцени дека Владата е стабилна, има огромно мнозинство и е фокусирана на реформската агенда и испорака на проекти и нјави дека неделава се очекува да има завршна средба со министерот за здравство Арбен Таравари, на која ќе биде сумирано се што е направено.

-Мислам дека господинот Таравари и неколкумина околу него се одлучени да се вратат во прегратките на Али Ахмети и Демократската унија за интеграција. Јас можам само да му посакам среќа и се надевам дека ќе имаме една завршна средба во текот на следната недела, на која ќе сумираме што е тоа што е направено. Јас можам да му посакам пред се добро здравје, тоа е она кое на сите нас ни е најважно, изјави Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарско прашање.

На 5 мај Мицкоски и Таравари остварија средба, која беше закажана по превирањата во коалицијата „Вреди“ и тврдењата за соработка на Таравари со ДУИ. Како што брифираа тогаш од владината прес-служба за МИА, средбата поминала во конструктивен дух, а во текот на месецов ќе се знае иднинатата за функционирањето на АА.

Tags: ВладаТаравари
Next Post

Британската Влада ќе претстави план за намалување на имиграцијата

НАЈНОВО

Независните кандидати меѓу политички игри и институционални бариери

August 18, 2025

Зеленски: Руските напади врз Украина се циничен обид за попречување на мирот

August 18, 2025
Фото: Википедија

„Рајанер“ отвора нова база на аеродромот во Тирана – повеќе од 450 летови неделно до вкупно 33 дестинации во 13 земји

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со економски „бум“, граѓаните во економска драма

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk