ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Калевска-Ванчева: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

May 14, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

– После речиси една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Македонија е далеку од правна држава. Ниту има правда, ниту правна држава. Партизирани институции, селективна правда, отсуство на владеење на правото. Ова, почитувани е вистинското лице на Владата на ВМРО ДПМНЕ, која создава систем само по нивна мерка и нема однос спрема реалните општествени потреби. Она што ДПМНЕ го вети како втор столб во владината програма, денес го нема. Наместо програмските ветувања, сведочиме на задоволување на лични и партиски интереси, истакна на прес-конференција, Снежана Калевска-Ванчева, претседателка на Комисијата за правда на СДСМ.

Калевска-Ванчева, вели дека „Владата на ДПМНЕ за речиси една година не исполни апсолутно ништо од ветувањата за системски решенија. Не исполни ништо за нивната таканаречена трансформација на правосудните органи во независни, транспарентни и ефикасни субјекти“.

„Наместо реформи и систем во функција на граѓаните државата се соочува со ретроградност и застој, исто како во времето на заробените институции. Знаеме сите дека ова не е систем, туку е чиста партиска злоупотреба.

Власта и понатаму се обидува да има главна улога и влијание во правосудството и да го држи во партиски стеги.

За тоа сведочи фактот дека упорно и свесно се доцни со спроведувањето на активностите од реформската агенда и секторската развојна стратегија за правосудство (2024-2027), каде што се предвидени јасни чекори, прецизни рокови и конкретни пари од ЕУ преку Планот за раст.

Само за потсетување, до јуни 2025 година, согласно реформската агенда, треба да бидат донесени следниве законски измени:

Закони кои ги регулираат платите на судиите, обвинителите, судската и обвинителската служба – за што ЕУ предвидува над 2 милиони евра

Нов закон за Судски совет во кој ќе бидат инкорпорирани препораките на Оценската мисија – за кој се предвидени се над 6 милиони евра.

Измени во Изборниот законик, согласно препораките на ОБСЕ/ОДИХР, за предвидени над 4 милиони евра. итн.

Овие закони не се само техничка работа – тие се суштински за градење на независно судство, за функционална демократија, за фер избори.

Особен проблем е однесувањето на министерот за правда, г-дин Игор Филков, кој се чини дека тенденциозно го минира процесот.

Од предвидените реформски закони, Министерството за правда, стави само 4 на ЕНЕР, а тие допрва треба да ги усвои Владата, па да достават и до Собранието.

Зошто министерот Филков толку го одолговлекува реформскиот процес, иако рокот е до јуни.

Конечно, и покрај свесното пролонгирање на реформскиот процес, и покрај фактот дека не ги проследува наводно изготвените законски решенија, ние согласно лидерската средба меѓу Претседателот на Владата Мицковски и Претседателот на СДСМ Филипче, сепак, остануваме максимално конструктивни и во интерес на државата, и затоа денеска ги поднесовме и архивиравме нашите коментари на единствените закони кои тој ги ставил на ЕНЕР. Ние за нив имаме сериозни забелешки но и конкретни предлози за нивно подобрување.

Апелираме до министерот Филков, ако вистински се грижи за реформската агенда и тврди дека работи на ургентните законски решенија, да престане да го минира процесот и да ги достави решенијата, за кои, ја убедува јавноста дека ги изготвил.

Остануваме целосно посветени на напредокот на државата. Ќе продолжиме да се бориме против сите обиди за партиски упад во правосудството и конечно, ќе ги нудиме нашите конструктивни предлози и решенија.“, истакна Калевска-Ванчева

Next Post

Костовски: Без план и без резултати, за една година се распаѓа владата на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Лина Ѓорческа стана првата македонска тенисерка на Грен слем турнир

June 25, 2026

По повод Светскиот ден на млекото: Бучен Козјак донира средства за реновирање на Клиниката за пулмологија и алергологија

June 25, 2026
Atlas - Boston Dynamics robot

Летото 2026 го означува крајот на четботовите: Како вештачката интелигенција стана наш автономен колега

June 25, 2026

Државниот завод за ревизија бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Директорот на Државна лотарија кажа дека државата треба да има монопол на игрите на среќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk