Косовската претседателка Вјоса Османи денес ќе започне средби со лидерите на партиите, со цел да се најде решение за политичкиот ќорсокак, јавуваат косовските медиуми.
На денот кога пратениците ќе се соберат на 16-тото по ред продолжение на конститутивната седница, Османи ќе ги прими лидерите во Претседателството.
Сите претставници на политичките партии кои беа поканети од претседателот најавија дека ќе одговорат на поканата.
Средбите се закажани да започнат во 13:00 часот.
Ова не е прва иницијатива за решавање на политичкиот ќорсокак.
Вршителот на должноста премиер, Албин Курти, кој е лидер на Ветевендосје, партијата што доби најмногу гласови на изборите, ги покани на состанок лидерите на двата главни политички субјекти, Мемли Красниќи, кој ја предводи Демократската партија, и Лумир Абдиџику, кој ја предводи Демократската лига. Само Красниќи одговори позитивно на поканата, но средбата не даде никакви резултати.
Курти двапати му испрати писма на Абдиџику, во врска со преговорите за коалиција. Тие се одбиени.
Но, како одговор на второто писмо, Абдиџику предложи преодна влада со мандат до изборот на претседател, кој ќе се одржи на почетокот на следната година. Идејата е отфрлена од сите политички субјекти.
Д. Т. / Цивил Медиа