Напаѓачот Таиво Авоњи од англискиот тим Нотингем Форест беше извлечен од индуцирана кома по операција поради сериозен абдоминален проблем, објавија англиските медиуми.
Нигерискиот репрезентативец се повреди откако се судри со стативата во 88-та минута од ремито 2-2 дома против Лестер во Премиер лигата во неделата. Тој го заврши натпреварот, и покрај тоа што имаше видливи проблеми со движењето.
По натпреварот, менаџерот Нуно Еспирито Санто објасни дека 27-годишниот Авоњи останал на теренот поради недоразбирање помеѓу тренерскиот и медицинскиот персонал околу сериозноста на состојбата на играчот.