ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Почнаа првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во село Баница, кај Струмица

May 15, 2025 09:27
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: НУ „Завод и Музеј Струмица“

Фото: НУ „Завод и Музеј Струмица“

По 18 години од откривањето и 17 години од геомагнетните истражувања НУ „Завод и Музеј Струмица“ деновиве почна со првите археолошки истражувања на локалитетот Ќеразлк во село Баница, кај Струмица, информираа од оваа установа.

Според информацијата, стручниот тим, со кој раководи Ване П.Секулов, археолог советник, а во чиј состав се д-р Душко Цветанов, Зорица Костадинова и Даниела Дончева, во моментот работат на дооткривањето на калдариумот, најжешката просторија, односно сауна од бањата.

-Досега е откриен габаритот на калдариумот и дел од системот за загревање, како што се префурниумот односно просторијата каде се загревала водата и дел хипокаустот, системот за загревање на сауната. Од хипокаустот се откриени кружни столпчиња, суспенсори, носители на висечкиот под како и две колонади низ кој струел топлиот воздух за загервање на подот. Исто така е откриен и дел од системот за загревање на ѕидовите составен од цевки со елипсовидна форма кои се уште стојат прилепени на ѕидовите, се наведува во информацијата.

Од „Завод и Музеј Струмица“ посочуваат дека се уште е рано да се изведуваат заклучоци, со оглед на раната фаза на истражувањето. Сепак, сите индиции наведуваат на тоа да се размислува дека калдариумот, односно сауната, е дел од приватна бања која најверојатно е во состав на поголем полски имот, villa rustica, во соспственост на богат граѓанин кој преку зима живеел во античкиот град кој се наоѓал под денешна современа Струмица а летото го поминувал на својот имот.

-Исто така во моментот ќе се воздржиме од прецизното датирање кога бањата односно полскиот имот егзистирал, но ако се суди според аналогијата на аркадното решение на подното загревање, кое е идентично со судаториумот во Големата бања во Бања Банско тогаш може, иако неофицијално, да се датира во 3 век од нашата ера, се додава во информацијата.

НУ „Завод и Музеј Струмица“ изразува голема благодарност на Роберт Митев кој не само што дозволил да се вршат археолошки истражувања на неговиот имот, туку цели 18 години е чувар на ова место кое ги има сите предиспозиции да прерасне во уште еден значеаен локалитет, кој сведочи за богатото историско и културно минато на Струмица и неговата непосредна околина.

Инаку, истражувањата се дел од годинешната програма на НУ „Завод и Музеј Струмица“, сектор музеологија и се финансирани од Министерството за култура и туризам.

Next Post
Фото: Претседател на Украина

Руте: Мировните напори меѓу Украина и Русија би можеле да постигнат напредок во рок од 2 недели

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk