ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ – ЈУГОКВИР, од 3 до 14 јуни

May 16, 2025 16:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ ќе се одржи од 3 до 14 јуни во неколку културни институции во Скопје: МСУ Скопје, МКЦ, КСП Центар-Јадро и Театар Комедија.

„Овогодишното фестивалско издание, со темат ЈУГОКВИР цели да ги истражува контрахегемонистичките конфигурации на родово и сексуално отелотворување во квир (феминистички) изведувачки уметности и социо-културни практики за време на социјалистичка Југославија и по неа, како и различните изведби од страна на квир телата и субјективностите во културните и политичките перформанси, визуелната култура и супкултурните практики на светоградење. Следствено, централниот фокус на ова фестивалско издание се однесува на историските и контекстуалните нијанси, критичките и политичките телесни тактики и афективните реартикулации употребени во квир и квир феминистичките перформативни и кореографски практики. Овие практики ќе бидат анализирани во однос на вкрстувачките режими на угнетување, како што се хетеронормативноста, патријархатот, етнонационализмот, расизмот, авторитаризмот, државното насилство, религиозното непријателство и неолибералниот капитализам. Фестивалското издание им пристапува на овие практики како места за појава на опозициски контрајавности и малцински проекти што имаат светотворечки потенцијал. Програмата на Викендот на гордоста – Скопје 2025 нуди богата и интензивна културна, теориска и уметничка содржина што ги обединува квир, феминистичките и антикапиталистичките перспективи од постјугословенскиот простор“, информираат од Коалиција МАРГИНИ.

Фестивалот започнува на 3 јуни во МСУ, со отворањето на изложбата „ПАНК. СУПКУЛТУРА. СОЦИЈАЛИЗАМ. АРХИВИ И ФОТОГРАФИЈА ОД СЛОВЕНИЈА“. – обемна архивска поставка на панк и квир културата од Словенија, курирана од Марина Гржиниќ, во соработка со Славчо Димитров, a на 4 јуни, во КСП Јадро, програмата ќе продолжи со симпозиумот „За квир културата, Балканот, Источна Европа и глобалните транс* побуни“ со учество на теоретичарите, уметници и активисти: Марина Гржиниќ, Тјаша Канцлер, Весна Липоник, Јануш Чех и ДК.

На 5 јуни, во МКЦ, ќе се изведе перформансот на Алма Гачанин „Колку добро се покажа денес / How Well Did You Perform Today“, во партнерство со фестивалот Прво па женско. На крајот од истата недела, на 8 јуни, во Театар Комедија, ќе се одржи вечерта на раскажување квир приказни под наслов СРАМОТА!, во соработка со ПичПрич.

На 12 јуни, во МКЦ, следува танцовиот перформанс „Нестабилни другари / Unstable Comrades“ во концепт и кореографија на Игор Коруга, а на 13 јуни, исто така во МКЦ, ќе биде изведено кореографското соло „Атрас / Atrás“ на Александар Георгиев – Аце.

Фестивалот ќе се заокружи на 14 јуни во КСП Центар-Јадро со перформансот „Dissolutions“ на Маја Зечо и отворање на нејзината самостојна изложба „Незгодни иднини“, во кураторство на Џон Блеквуд.

Целосната програма и времиња на почеток на настаните тука: Фејсбук-настан. Постерот, програмата и зборникот на Викендот на гордоста – Скопје 2024 – ЈУГОКВИР се достапни ТУКА.

Програмата го осветлува историското и современото квир културно творештво низ изложби, симпозиуми, перформанси и теориски рефлексии, создавајќи простор за критичка уметност, афективна солидарност и јавна имагинација. Преку изложби, дискусии, перформанси, танцови изведби и дистрибуција на знаења, фестивалот ги поставува прашањата за односот на квир телата и изведбите со политичките процеси на демократизација, јавниот простор, социјалистичките еманципаторски идеали, како и можноста за изградба на заедници и светови на отпор.

Куратор на фестивалот и уредник на теорискиот зборник е Славчо Димитров. Фестивалскиот тим го сочинуваат: Стефан Богески, Мања Величковска, Љубомир Фаизов, Наталија Видинска Атанасов. Преводот на каталогот од англиски го изработи Јулија Мицова, а на зборникот: Грација Атанасовска, Душица Димитровска, Душица Лазова, Јулија Мицова и Славчо Димитров. Издавач е Коалиција МАРГИНИ – Скопје. Графички дизајн: Игор Делов. Лектура: Виолета Танчева-Златева. Печатење: Дата Понс – Скопје.

Фестивалот „Викенд на гордоста – Скопје 2025“ е организиран од Коалиција МАРГИНИ – Скопје, во соработка со ЛГБТИ Центарот за поддршка, и во партнерство со Тиииит! Инк., Музејот на современата уметност – Скопје, А.К.Т; од Пфорцхајм, и Истражувачкиот центар при Словенечката академија на науките и уметностите.

Скопје Прајд Викенд, Прво Па Женско и Перформанс Платформа го посветуваат јуни на современата и критичка перформанс уметност во танцот, театарот и визуелната уметност, како гест на грижа, релациска, политички ангажирана уметничка практика и акт на демократизирана јавна имагинација. Твориме простор за соработка, заедништво и размена, барајќи од институциите да го препознаат и континуирано да го поддржуваат.

Фестивалот е поддржан од Heinrich Böll Stiftung, Friedrich Ebert Stiftung, А.К.Т; и Global Fund for Women.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Викенд на гордоста – Скопје 2025ЈУГОКВИР
Next Post

Вонредна е ситуацијата во болницата во Кочани, физикална терапија се обезбедува за 40 лица, а на преврски доаѓаат над 70 повредени во трагичниот пожар

НАЈНОВО

Деби гол на Миовски во ремито на Ренџерс со Фалкирк

October 5, 2025

Расел ја освои ГН на Сингапур во Ф1, Мекларен ја одбрани титулата во конструктори

October 5, 2025

Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk