ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Меѓународна конференција „Сребреница – совеста на светот“: Глас против негирањето на геноцидот и пропагандата

May 16, 2025 13:27
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Меѓународната конференција „Сребреница – совеста на светот“, во организација на Странката на демократска акција на Македонија (СДА), ќе се одржи утре, 17 мај, во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје, со почеток во 12 часот.

Геноцидот во Сребреница претставува систематско масовно убиство на повеќе од 8.300 бошњачки мажи и момчиња од страна на вооружените сили на босанските Срби во јули 1995 година, за време на Босанската војна. Овој чин останува најголемото злосторство на европско тло по Втората светска војна, и е правно признаен како геноцид од страна на Меѓународниот суд на правдата и други меѓународни институции.

Во мај 2024 година, Генералното собрание на Обединетите нации усвои резолуција, спонзорирана од Германија и Руанда, со која 11 јули се прогласува за Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.

Конференцијата ќе ја отворат претседателот на СДА – Македонија, Џелал Хоџиќ, и заменик-претседателот на Главниот одбор на СДА – БиХ, Алија Табаковиќ.

Во текот на четири панел-дискусии, ќе учествуваат бројни говорници, меѓу кои: Љубчо Георгиевски (ВМРО-НП), Енес Ибрахим (Партија за движење на Турците), Ивон Величковски (Нова Република), поранешните пратенички Санела Шкријељ и Никица Корубин, новинарот и истражувач за дезинформации од ЦИВИЛ, Дехран Муратов, претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, геополитичкиот аналитичар од Бугарија, Владимир Владимиров, пратеници од СДА Санџак во парламентот на Србија и други.

Во посебен панел ќе се обратат преку видео-пораки европратеникот Илхан Ќучук (Бугарија), експертите за човекови права Хедер Роберсон Гастон (САД) и Кирстен Шонефелд (Германија), која е и директорка на Фондацијата „Фридрих Еберт“ за Србија и Црна Гора.

Агендата вклучува теми што се однесуваат на геноцидот, со посебен акцент на негирањето како еден од главните инструменти на великосрпската пропаганда и улогата на Руската Федерација во поддршката и проширувањето на тие наративи во регионот на Западен Балкан.

Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Фон дер Лајен: Путин покажа дека не сака мир

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk