Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, ги објасни причините за напуштање на коалицијата ВЛЕН и Владата. Тој посочи дека одлуката за напуштање на коалицијата ВЛЕН била процес што поминал низ неколку фази.
Во ова интервју за косовската „Национале“, Таравари изјави дека оваа коалиција не го положила владиниот тест.
Тој оцени дека досега ВЛЕН не ги исполнил ветувањата што им ги дале на Албанците.
Откако влегоа во Владата, Таравари вели дека, некои луѓе во оваа коалиција се исклучија од реалноста, заборавајќи ги ветувањата што ги дадоа за време на изборната кампања.
– Кога влеговме во Владата, сè уште бевме во еуфорија на победа над стариот систем што постоеше (кога велам ние, мислам на партиите од албанскиот табор во Владата). Но, во меѓувреме, луѓето не ни веруваа само поради тоа. Сега мораше сериозно да работиме на обврските што ги презедовме. Како што рече почитуваниот претседател Линколн, и го парафразирам, моќта е тест што ги остава многу да повторат во училиште, и за жал тоа е она што им се случи на некои од ВЛЕН. Камери и светла, ножиците на инаугуративните ленти, беа завеси што ги одделуваа некои од реалната ситуација на луѓето кои со право беа разочарани затоа што ВЛЕН, со или без намера, од промена всушност се покажа како едноставна замена, вели Тарвари во интервјуто.
Дестан Јонузи