ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Бодигарди ќе ги обезбедуваат 37-те Центри за социјална работи и канцелари во земјава

May 17, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

За еден месец 37-те центри за социјални работи и канцеларии во државава ќе добијат 60 лица за обезбедување за нивната сигурност. Заврши јавната набавка на Министерството за социјална политика. Оваа постапка се забрза откако пред месец и половина во просториите на прилепскиот Центар за социјални работи еден корисник влезе вооружан и со пиштол рани социјална работничка и им се закани на вработените.

-Очекуваме дека ќе биде избран оператор кој ќе ги опслужува сите Центри во Македонија, 37 установи. Се бара да бидат постојано ангажирани 60 лица од компанијата која ќе ги обезбедува нашите објекти и со тоа го правиме она ветување кое го имавме да центрите кои се соочуваат реално при ситуации кога со граѓани кои имаат постојано потреба од нашите услуги, а со дел од нив, за жал, имаа таков тип на инциденти, а еден, за жај се случи токму во Центарот за социјални работи во Прилеп. Деновиве ќе ја имаме компанијата во евалуација, а потоа очекуваме и договори и за еден месец би имале финален договор со самата компанија која ќе биде избрана, рече Ѓоко Велковски, заменик-министер за социјална политика, демографија и млади при неодамнешната посета на Прилеп при отворањето на новата градинка во прилепската населба Точила.

Пукањето во прилепскиот Центар на 24 март кога прилепчанец со пиштол во просториите на Центарот рани социјална работничка и беа загрозени животите на другите вработени, ја забрза безбедносната состојба.

Според Зоран Малкоски, директор на Центарот за социјални работи во Прилеп, со обезбедувањето сите ќе се чувствуваат посигурно.

-Ќе ја видиме на крајот и фирмата која ќе биде избрана како најповолна. Јас сум убеден дека ќе се чувствуваме колку-толку побезбедно кога ќе знаеме дека некој ќе врши селекција на странките, или да има овластување, а кое ние го немаме, во однос на тоа кој што носи и ќе се допушта влегување во канцеларии исклучиво со покани и за разговор, и покрај тоа што Центрите за социјална работа, според мене, се најдосапни за граѓаните и треба така да биде зашто доаѓаат категории на луѓе со најразлични проблеми. По ваквите збиднувања сега се увиде потребата дека навистина веќе никој никаде не е безбеден во делот на својата работа. Сакам моите колеги да се чувствуваат безбедно во осумте часа на работното место и сум убеден дека ова ќе придонесе кон наша поголема безбедност, сигурност на работното место, вели Малкоски.

Во прилепскиот Центар голем дел од вработените изминатиот период користеа биоледувања по препорака на психијатар и психолог, но работните задачи, велат од Центарот се одвивале непречено.

-Во изминатиот период од месец и половина, најголемите последици ги почувствува колешката што беше ранета и  се опоравува, а дел од колегите по препорака на психијатар и психолог користеа подолготрајни боледувања. Постепено се консолидираме и непречено на граѓаните им ги нудиме сите услуги, заклучува Малкоски.

Вооружаниот инцидент во прилепскиот Центар за социјални работи се случи на 24 март. Според прилепското Основно јавно обвинителство, за случајот сѐ уште е во тек истражната постапка и не е покренато обвинението. Осомничениот прилепчанец е во притвор.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лица за обезбедувањеЦентри за социјална работи

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

(ВИДЕО) Вимблдон: 11 историски моменти кои никогаш нема да се заборават

July 1, 2025

Лажната дилема на лажните либерали и прогресивци

July 1, 2025
Фото: Jasin Boland/Universal Pictures and Amblin Entertainment

(ВИДЕО) Скарлет Јохансон и Џонатан Бејли ја „препородуваат“ франшизата „Jurassic World: Rebirth“

July 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Голема сензација на Вимблдон: Отпадна третата тенисерка на светот за само 58 минути

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Српскиот свет“ и Кина во извештајот за Македонија – ЕП го засилува тонот кон Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk