ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

ЕК предвидува благ раст на европската економија и натамошно намалување на инфлацијата

May 19, 2025 15:14
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Економијата на ЕУ ја почна 2025 година на нешто посилна основа од очекуваното, но стапката на раст оваа година се предвидува дека продолжи да бележи скромно зголемување, по што и покрај растечката несигурност во глобалната политика и трговските тензии, таа се очекува да забрза во 2026 година, се наведува во пролетната Прогноза на Европската комисија објавена денеска.

Претставувајќи ја Економската прогноза „Пролет 2025“, еврокомесарот за економија, продуктивност, имплементација и поедноставување Валдис Домбровскис изјави дека податоците укажуваат оти економијата на ЕУ покажува отпорност и во услови на зголемени трговски тензии и раст на глобалната неизвесност.

– Поткрепена од робусниот пазар на трудот и зголемувањето на платите, се очекува економскиот раст да продолжи во 2025 година, иако со умерено темпо. Инфлацијата се намалува побрзо од претходно прогнозираното и е на добар пат да ја достигне целта од два отсто уште во текот на оваа година, рече Домбровскис.

Сепак, според него, и покрај ваквите показатели нема простор за самозадоволство, бидејќи и во перспектива постојат ризици, кои би можеле да ја повлечат економијата надолу.

– Затоа ЕУ мора да преземе решителни мерки за да ја зголеми својата конкурентност, потенцира Домбровскис.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Европската комисија во Прогнозата предвидува реалниот БДП на ЕУ во 2025 година да порасне за 1,1 отсто, а на Еврозоната за 0,9 проценти, што во голема мера е исто темпо на раст какво што имаше и лани. За 2026 година, пак, се очекува растот да се зголеми за 1,5 отсто на ниво на ЕУ и за 1,4 проценти во Еврозоната.

Кога станува збор за инфлацијата, се предвидува од просекот од 2,6 отсто на ниво на ЕУ лани, годинава таа да се намали на 2,3 проценти, по што во 2026 година нејзината стапка би се свела на 1,9 проценти. Слична динамика на намалување се очекува и во Еврозоната со тоа што ланската инфлациска стапка од 2,4 отсто би се намалила на просечни 2,1 за оваа и на 1,7 проценти за следната година.

Во документот се наведува дека во последниот лански квартал економијата на ЕУ забележала посилен од раст од очекуваниот и тоа од 0,4 отсто, главно благодарение на силната домашна побарувачка, а овој позитивен моментум продолжи и во првиот квартал од 2025 година, при што прелиминарните податоци укажуваат на реален раст на БДП од 0,3 проценти.

Сепак во прогнозата изгледите за раст се значително ревидирани надолу, пред се како резултат на ослабените перспективи за глобалната трговија и зголемената неизвесност во трговската политика, предизвикани пред се од најавените американски царини.

ЕК прогнозира глобален економски раст од по 3,2 отсто и за 2025 и за 2026 година, што е намалување од Прогнозата „Есен 2024“ од 3,6 проценти, поради послабите очекувани перспективи на економиите на САД и Кина и забавувањето на глобалната трговија.

– Следствено, се очекува извозот од ЕУ да порасне само за 0,7 отсто оваа година, со намалување на извозот на стоки, што делумно ќе биде компензирано од извозот на услуги, кои се помалку погодени од трговските тензии. Во 2026 година, растот на извозот се очекува да се забрза на 2,1 отсто, се додава во документот.

ЕК прогнозира и умерено зголемување на инвестициите за 1,5 отсто во 2025 година и за 2,4 проценти во 2026 година, пред се поради зголеменото вложување во инфраструктурата и во истражувањето и развојот.

Што се однесува до приватната потрошувачка, се очекува нејзин раст од 1,5 отсто оваа и 1,6 проценти следната година, како резултат на намалувањето на инфлациските притисоци, но сепак нејзината динамика и натаму останува ограничена поради зголемувањето на заштедите.

Во документот се посочува дека во 2024 година во ЕУ беа отворени рекордни 1,7 милиони нови работни места, а до крајот на 2026 година се очекува таа бројка да надмине два милиони, со што стапката на невработеност ќе падне на ново историски најниско ниво од 5,7 отсто.

Кога станува збор за платите во ЕУ, кои лани се зголемија 5,3 проценти, за оваа и за следната година ЕК предвидува пониска стапка на раст, но дека сепак европските работници ќе ја повратат куповната моќ што беше загубена во последните години како последица на растот на инфлацијата.

Се очекува и продолжување на трендот на намалување на цените на енергенсите, започнат минатата есен.

ЕК предвидува дека по намалување на буџетскиот дефицит за 3,2 отсто во 2024 година, оваа година тој ќе порасне за 3,3 проценти и ќе остане непроменет и следната година. Нивото на долгот, по четири години намалување, се очекува во 2025 година да се зголеми на 83,2 отсто од БДП и на 84,5 проценти во 2026 година.

Комисијата проценува дека главните ризици по европската економија произлегуваат од можната фрагментација на глобалната трговија, што би резултирало со помал економски раст и разгорување на инфлациските притисоци, но и од евентуални елементарни непогоди поврзани со климатските промени.

Позитивно врз европската економија, според ЕК, би влијаеле деескалација на трговските тензии меѓу ЕУ и САД, склучувањето нови договори за слободна трговија, растот на трошоците за одбраната и унапредувањето на реформите за зголемување на конкурентноста на Унијата.

Европската комисија објавува две економски прогнози годишно – на пролет и на есен, кои опфаќаат широк спектар на економски индикатори за сите земји членки на ЕУ, кандидатите за членство, земјите од ЕФТА и други поголеми пазарни економии.

Есенската економска прогноза на Европската комисија за 2025 година се очекува да биде презентирана во ноември.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕКекономија

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk