Поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и неговата сопруга Џил денеска им се заблагодарија на сите што им дадоа поддршка откако беше објавено дека на поранешниот шеф на државата му е дијагностициран рак на простата.
„Како и многумина од вас, и јас и Џил откривме дека сме најсилни во најтешките моменти. Ви благодариме што нè бодрите со вашата љубов и поддршка“, напиша брачната двојка во објава на профилот на Бајден на социјалните мрежи.
Кабинетот на Бајден вчера соопшти дека му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата, додавајќи дека ракот се проширил на неговите коски.