ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Од утре тим специјалисти ќе ја утврдува состојбата на секој пациент од пожарот во Кочани и потребата од натамошна рехабилитација и помагала

May 19, 2025 15:44
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од утре тим специјалисти од Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, КАРИЛ, ГОБ „8 Септември”, болницата „Св. Наум Охридски“ и Клиниката за токсикологија ќе врши прегледи и евалуација во Општата болница – Кочани на сите пациенти вратени од странство и третирани во земјава по трагедијата со пожарот. Целта е, како што рече денеска заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, да се утврди состојбата на секој пациент одделно и потребата од натамошна рехабилитација, нега и помагала.

Андовски на прес-конференција потенцира дека откако се случи немилиот настан на 16 март, тимот на Клиниката за пластична хиругија е целосно инволвиран во лекувањето и помагањето на пациентите. Тоа го потврди и директорката на Клиниката Јасмина Ѓорѓиевска Павловска.

Во земјава се лекуваат седум пациенти, а во странство се уште 11. Вкупно 18 се со се уште незаздравени изгореници на кои им се потребни хируршки третмани. Тројца од пациентите во земјава се хоспитализирани на Универзитетската клиника за пластична и реконструктивна хиругија, двајца во „Систина“ и двајца во Општата болница – Кочани. Уште 40 лица се на физикална терапија, а 30-на се на терапија со плазма збогатена со тромбоцити.

Надлежните тврдат дека ако има потреба во Општата болница – Кочани, каде 10 здравствени работници се веќе специјално обучени за физикална и психолошка рехабилитација на пациентите, префрлени ќе бидат и останатите 35 кои ја поминаа ваквата обука од тимот експерти од Велика Британија. Исто така, има и други центри подготвени да одговорат на потребите на пациентите во кочанската болница. Министерството е во секојдневна комуникација со директорката на болницата и ако таа побара помош, веднаш ќе се реагира.

-Сите пациенти имаат телефонски броеви од нашите тимови, од сите наши лекари и може да ги бараат во секое време кога имаат потреба. На нашата Клиника се моментно хоспитализирани тројца пациенти кои се уште имаат отворени рани. Кај некои можеби ќе биде потребно да се изврши и транспланатација на кожа. Тие пациенти беа во многу тешка состојба, сите беа испратени со прашалници дали ќе останат живи. Благодарни сме на сите земји кои ги прифатија и лекуваа, но поради екстензивноста на повредите, особено на овие пациенти со потешки повреди кои се враќаат меѓу последните и кои имаат многу длабоки изгоренци и рани, ќе треба подолг третман и рехабилитациски период, информира  Ѓорѓиевска Павловска.

Директорот на ФЗО Сашо Клековски потсети дека во трагедијата имаше околу 200 повредени од кои 115 беа испретни на лекување во странство.

-Покрај евалуацијата што ќе ја преземе Министерството за здравство, ќе го поканиме тимот од Израел кој беше тука на почетокот на трагедијата, да даде мислење за натамошна грижа на пациентите. Пртоколот предвидува сите повредени кои се во странство, да се вратат во болницата од која се испратени на лекување, нагласи Клековски.

Според протоколот, кога се враќаат од лекувањето надвор, пациентите во земјава ги прегледува тим од пластичен хирург, психијатар, пулмолог и токсиколог по што се пренасочуваат на натамошен третман.

Андовски претходно на брифинг со новинарите информира дека сите 11 пациенти кои се лекуваат во странство се во стабилна состојба. Од нив во Грција се тројца (во Атина двајца и еден во Солун), во Турција се двајца, во Србија се четворица, а во Австрија и Словенија се по еден пациент.

Next Post

Управниот суд ја поништи одлуката за избор на Дуковска за уставен судија, Судски Совет неправилно гласал

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk