Во паркот „Украина“ во Општина Чаир денеска ќе биде поставена скулптурата „Горчливо сеќавање од детството“, дело на украинскиот скулптор Петро Дроздовски, која е посветена на сеќавањето на децата убиени од глад за време на геноцидот врз украинскиот народ во 1932–1933 година.
На церемонијата на поставување на скулптурата ќе присуствуваат украинската амбасадорка Лариса Дир и градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу.