Премиерката на Италија, Џорџа Мелони денеска му се заблагодари на папата Лав Четиринаесетти за неговите напори за постигнување мир во Украина и подготвеноста Ватикан да биде домаќин на мировните преговори.
Мелони и поглаварот на Римокатоличката црква вчера телефонски разговараа откако италијанската премиерка разговараше со претседателот на САД, Доналд Трамп и лидерите од Европска Унија.
Папата Лав Четиринаесетти минатата недела изјави дека е подготвен да ги вложи сите напори за да се постигне мир во Украина и понуди во Ватикан да се одржат директни преговори помеѓу Украина и Русија.