ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Трајчулески: Власта мора да ги соопшти сите детали за најавеното задолжување од 6 милијарди евра од Британија

May 22, 2025 10:02
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески во вестите на „Сител“ телевизија истакна дека за стратешкиот договор со Велика Британија има два аспекти, за политичко безбедносната димензија СДСМ дава целосна поддршка но за финансиско-економската димензија со најавеното задолжување од 6 милијарди евра се уште нема информации во јавноста и власта мора да излезе пред граѓаните и да го објасни.

-По однос на политичко безбедносната целосно даваме поддршка на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство и ова е континуитет на соработка, која постои од 1991 година од нашето осамостојување, се до денес. Но, за најавениот заем од Велика Британија од 6 милијарди колку што е еден буџет на државата, не се знае која е рочноста, колкава е каматата, дали ќе има зголемување на јавниот долг и колкаво ќе биде тоа. Според конфузните изјави од министерката за финансии, со него се прави дерогација на законот за јавни набавки, бидејќи фирмите мора да бидат британски, со што се нарушуваат основните начела на законот – фер, конкурентност и транспарентност. Овие прашања мора да бидат расчистени од страна на власта, рече Трајчулески.

Она што најмногу загрижува е недостатокот на капацитет на владата за спроведување на големи инфраструктурни проекти, додаде тој.

-Впрочем ние имавме прилика во текот на претходната година да ја видиме таа неспособност, односно недостатокот на капацитет со унгарските пари. 78 милиони евра беа алоцирани во рамките на буџетот за 2024 со завршната сметка на буџетот се гледа реализацијата на тие пари и таа е апсолутно 0. Во текот на првиот квартал од оваа година, кога ќе ја видите реализацијата на капиталните инвестиции е стварно загрижувачка. И тука дефинитивно се остава простор да сме загрижени за капацитетот за спроведување на вакви капитални проекти, истакна Трајчулески.

Во однос на безбедносниот аспект, Трајчулески истакна дека владата, односно премиерот мора да ја расчистат и дилемата која се појави во јавноста по пишувањата на британските медиуми во однос на можноста за прифаќање на баратели на азил, мигранти итн.

-Пред само неколку години функционерите на ВМРО-ДПМНЕ, ширеа хистерија и го плашеа народот, дека милион бегалци од Африка се планира да се населат во нашата држава и таа хистерија отиде дотаму што одредени градоначалници, одредени функционери на ВМРО-ДПМНЕ по општините собираа потписи да не се воспостават кампови за бегалци, и баш заради тоа ВМРО-ДПМНЕ како владејачка партија има уште поголема обврска да даде цврсти гаранции дека ова прашање не е предмет на договорот ниту е оставен простор за тоа да се разговара, нагласи пратеникот на СДСМ Митко Трајчулески при гостувањето во вестите на „Сител“ телевизија.

 

Next Post
Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Тотенхем ја освои Лига Европа, Ромеро прогласен за најдобар играч на финалето

НАЈНОВО

Фото: ЦИВИЛ

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО ТЕТОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

October 30, 2025
Фото: Министерство за транспорт, комуникации и јавни работи на Кипар и Канцеларија на комесарката за родова еднаквост

Први семафори со женски фигури на Кипар: Мала промена со големи пораки за родова еднаквост

October 30, 2025
Скриншот

Селена Гомез домаќин на настан за подигнување на свеста за менталното здравје на младите

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глобален пад на Microsoft услугите: Погодени Azure, Microsoft 365, Xbox и авионски компании

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk