ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Амбициозен план на Албанија за членството во ЕУ; СПАК со уште едно обвинение за Велиај; Не успеа ниту 20-от обид за конституирање на косовското собрание

May 23, 2025 14:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во интервју за балканската телевизиска мрежа „Инсајдер“, известувачот за Албанија во Европскиот парламент, Андреас Шидер, ја оценува политичката волја на Албанија за интеграциски реформи, пренесуваат албанските медиуми.

Во Косово се продлабочува политичката криза, дваесеттиот обид за конституирање на собранието, не успеа, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Јава њуз: Албанија со амбициозен план за членство во ЕУ

Во интервју за балканската телевизиска мрежа „Инсајдер“, известувачот за Албанија во Европскиот парламент, Андреас Шидер, ја оценува политичката волја на Албанија за интеграциски реформи, пренесе Јава њуз.

„Албанија има амбициозен план не само за отворање на групните поглавја, туку и за нивно затворање до 2027 година. Морам да кажам дека процесот на отворање на поглавјата е важен, но нивното затворање е уште поважно. Спроведувањето реформи е уште потешко, но Албанците се многу политички посветени на побрзо движење напред“, рече Андреас Шчидер, известувач за Албанија во ЕП.

Клан: СПАК поднесе уште едно обвинение против Велиај

Специјалното обвинителство објави дека ставило превентивна заплена врз уште еден имот за кој постои сомневање дека го користеле градоначалникот Ерион Велиај и неговата сопруга, Ајола Ѕоѕа.

Станува збор за стан во областа Селита, кој, според СПАК, е регистриран на име на компанија.

Со запленувањето на овој стан, обвинителството вели дека докажало уште еден случај на прикривање имот, за кој се товари Ѕоѕа, и го додало ова обвинение и на градоначалникот, пренесе Клан.

КОСОВО

Повиците на Калас не дадоа резултати, парламентарниот застој во Косово продолжува

Уште еден обид, 20-ти по ред, за конституирање на Собранието повторно не успеа. Немаше ништо ново ниту овој петок. Движењето Самоопределување немаше бројки, а седницата беше одложена за следните 48 часа, пренесува Репортери.

ВВ продолжи со своите напори за промена на формуларот за гласање за избор на претседател на Собранието во тајно гласање, но не доби поддршка.

Апелот на главната дипломатка на Европската Унија, Каја Калас, до парламентарните партии да соработуваат за деблокирање на политичкиот ќорсокак не донесе никаква промена.

Газета експрес: Над 60 граѓански организации бараат итно решение за блокадата на Собранието: Кризата ги премина сите толерантни граници

Група граѓански организации реагираа на блокирањето на конституирањето на косовското собрание. Овие организации велат дека институционалната криза што следеше по изборите на 9 февруари 2025 година ги премина сите толерантни граници и штети не само на Собранието, туку и на функционирањето на целиот демократски и институционален систем на земјата.

„Сегашната влада, чиј мандат заврши, продолжува да дејствува без парламентарен надзор и контрола, ситуација што е неприфатлива за демократска држава.“

„Од друга страна, нефункционалното Собрание го спречува донесувањето на важни закони и стратешки одлуки што директно влијаат врз животот на граѓаните, загрозувајќи ја институционалната стабилност, економскиот развој и довербата на граѓаните во демократското претставување. Сегашната блокада го одложува и го загрозува приемот на средства од Планот за раст на ЕУ, во време кога мерките наметнати од ЕУ и речиси целосното суспендирање на американските средства значително ја намалија финансиската поддршка за Косово.“, пренесе Газета експрес.

КОЛУМНА

Коха: „Лениновиот тест за проширување“

„Од руската инвазија на Украина, ЕУ ја препозна важноста на проширувањето како нејзина „најважна геополитичка инвестиција“. ЕУ, според зборовите на Ленин, се согласува дека „поминале децении каде што ништо не се случило“, но сега сака да нè убеди дека проширувањето живее во тие „недели каде што се случуваат децении“.

Дали ЕУ ќе го положи овој Ленинов тест или не, останува нивна работа. Наше е да си ја завршиме работата и да не ја пропуштиме оваа можност што е пред нас. Ако го изгубиме и ова, ќе мора да почекаме уште неколку децении Ленин.“, пишува Авторот Демуш Шаша, во колумната „Лениновиот тест за проширување“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Next Post

Мицкоски: Самитот на НАТО во Хаг можност за билатерална средба со Бугарија, на која би присустувале и Кошта, Фон дер Лајен, Калас, Руте

НАЈНОВО

Каш Пател за апсењата во НБА: Уапсени зашто се поврзале со Коза Ностра, а не како одмазда од Трамп

October 25, 2025

Нема истекување на линдан во ОХИС, уверува Министерството за животна средина

October 25, 2025

Венко Крстевски: Кочани заслужува нов почеток – почеток на обединување, одговорност и заедничка работа

October 25, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска: Нема да ги повикувам граѓаните да гласаат за еден или друг кандидат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk