Авенџерс: Судниот ден (Avengers: Doomsday) официјално е одложен за Божиќ 2026 година, бидејќи продукцијата на долгоочекуваниот блокбастер е во застој.
Според The Hollywood Reporter, филмот сега ќе биде објавен на 18 декември 2026 година, наместо првично планираниот датум 1 мај 2026 година.
Овој нов распоред се совпаѓа со точно истиот датум на издавање што Warner Bros. го планираше за Dune: Messiah, третото продолжение од епската научнофантастична серија на Дени Вилнев.
Судирот би можел да доведе до сличен вид на хистерија како онаа што се случи во 2023 година, кога „Барби“ на Грета Гервиг и „Опенхајмер“ на Кристофер Нолан беа објавени на ист ден, создавајќи го феноменот „Барбенхајмер“. Двата филма значително профитираа на бокс-офисот благодарение на зголемениот интерес.
Б. Т.