Џереми Фримпонг и официјално е нов играч на Ливерпул, објави Фудбалскиот клуб Ливерпул на официјалната веб страница.
Комплетиран е трансферот на десниот бек на Холандија и Баер Леверкузен.
Фримпонг потпиша 5 годишен договор, а трансферот изнесува 30 милиони фунти.
„Играм за Ливерпул, што повеќе можам да кажам?“, изјавува Фримпог во краткото видео.
Линк до видеото ТУКА
Холандскиот репрезентативец попладнево потпиша долгорочен договор со „Црвените“ во тренинг центарот на AXA, откако успешно ги помина медицинските прегледи.
Во разговор за Liverpoolfc.com, Фримпонг рече: „Помина доста лесно. Ливерпул дојде и рече дека има интерес, и очигледно за мене тоа беше очигледно.
„За мене, беше како: „Што и да правите, само завршете го ова“, [разговарајќи со] моите агенти: „Само завршете го ова.“
„Само сум возбуден што сум тука. Ви благодарам што ме прифативте и нема да ве разочарам и ќе ви ја дадам енергијата што ја сакате.“, рече Фримпонг.
Ј. Ѓ.