Интензивно се работи на три автопатски делници, објави денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Алескандар Николоски.
Николовски на неговиот профил на Фејсбук објави петминутно видео на кое се гледа како интензивно се работи на делниците Прилеп – Битола, Тетово – Гостивар (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид) и Гостивар – Букојчани (дел од автопат Скопје – Струга – Охрид).
-Напорната работа дава резултати! Одличната координација помеѓу Премиерот Христијан Мицкоски, Министерството за транспорт, ЈПДП и изведувачот Бехтел и Енка ги дава првите резултати, посочува тој.