Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес му ја честиташе победата на Карол Навроцки на претседателските избори во Полска, со порака дека е убедена оти Европската Унија би можела да продолжи со „многу добрата соработка“ со Полска.
„Сите сме посилни заедно во нашата заедница на мир, демократија и вредности. Затоа, да работиме на обезбедување безбедност и просперитет во нашиот заеднички дом“, напиша фон дел Лајен во објава на Платформа X.
Карол Навроцки победи на претседателските избори во Полска откако вчера освои 50,89 проценти од гласовите во вториот круг, соопшти изборната комисија, врз основа на 100 проценти од преброените гласачки ливчиња.
Изборната комисија изјави дека Навроцки освоил 50,89 проценти од гласовите, или 10.606.628 гласови, додека неговиот ривал Рафал Тржасковски освоил 49,11 проценти, или 10.237.177 гласови, објавија полските медиуми.