На 1 јуни 2025 година, во просториите на Амбасадата на Република Словачка во Скопје, во соработка со Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка „Гласот од тишината“ – Скопје, свечено беше одбележан Меѓународниот ден на детето. Настанот беше исполнет со длабока симболика, човечност и поддршка кон најранливите категории во општеството децата со попреченост и нивните семејства.
Во духот на меѓусебно разбирање и инклузија, амбасадорот на Република Словачка во Скопје, заедно со својата сопруга која воедно е и дипломатски член на Здружението „Гласот од тишината“, беше домаќин на оваа посебна психолошко-мотивациска средба. Преку игра, интеракција и топли зборови, се испрати порака за прифаќање, солидарност и верба во потенцијалот на секое дете.
Во рамки на настанот, беше врачено специјално признание и сертификат на претседателката на здружението, клиничкиот психолог Амела Мемиш Апостоловска, како потврда за нејзиниот професионален ангажман, хуманост и континуирана стручна поддршка преку иницијативата „Од тишина до глас“ национална психолошко-мотивациска програма која се залага за поголема видливост и поддршка на децата со попреченост и нивните семејства низ Македонија од страна на амбасадорот Г.Хенрик Маркуш.
Настанот беше поддржан и од Фондацијата „Ице Бегов“, основана од г-ѓа Елена Бегова, како и од АУТИЗАМ ААМК, иницијатива на г. Денис Јанкуловски, долгогодишен активист и инклузивен човњк кој со својата работа остава длабоки траги во светот на детската поддршка.
Оваа соработка е доказ дека кога институциите, организациите и поединците кога се обединети со искрена намера, можат да создадат свет во кој и тишината ќе се претвори во глас, а различноста во сила, истакнуваат од Здружението за личен развој, едукација и психолошка помош и поддршка „Гласот од тишината“ – Скопје.