ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Општинскиот инспекторат ја евидентирал големата прашина поради рушење објект низ Тетово, Касами најави постапка

June 3, 2025 14:20
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА

По вчерашната појава на голема прашина при рушењето на зградата на тетовски Монопол и реакциите во јавноста градоначалникот Биљал Касами вели дека инспектори ја следат ситуацијата. На местото на поранешниот преработувачки капацитет за тутун, ќе се гради нова станбена зграда. Граѓаните и еколошките здруженија споделија видеа на кои се гледа како голема прашина излегува од местото на рушење на објектот и се шири низ градот.

– За реакциите околу рушењето на објектот во Монопол, дојдоа реакциите и до мене испратена општинскиот инспекторат, излезени се на терен. Овие денови ќе имаат извештај за што станува збор и што понатаму, кои постапки ќе се преземат, истакна Касами.

Вчера со соопштение реагираше здружението Еко Герила, а денес и од граѓанската иницијатива „Тетово сака парк“ со порака дека и во овој град треба да има мининални стандарди за современо и урбано живеење како уставно право.

– Граѓаните, сношти тажни затоа што губат последниот јавен простор се соочени и со неможност да излезат надвор од домовите затоа што дебел слој на прашина го објави нашиот град бидејќи не се применуваат ниту во милиметар законските одредби коишто гарантираат како треба ваквите да бидат рушени како треба да се постапува, бидејќи, ваква еколошка катастрофа одамна не се случила во градот и тоа поминува без никаков коментар без никаква реакција од општината, рече Даријан Сотировски од „Тетово сака парк“.

Градоначалникот Касами денес промовираше реконструкција на дел од улицата „Мурат Бафтијари“ во населба Горна чаршија. Делницата од околу 200 метри, според Касами, доби подземна инфраструктура, односно водоводна и канализациска мрежа, нов асфалт, тротоари и осветлување. За обновата се потрошени пет милиони денари.

Next Post

Сиљановска Давкова: Навредлива е бугарската Резолуција за Македонија, очекувам поддршка на Резолуцијата за македонскиот јазик и идентитет во ЕП

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk