ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона

June 3, 2025 16:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Фото: О. Бошњаковски/Фронтлајн

Собранието пред утврдувањето на дневниот ред на денешната 51. седница ја изгласа потребата од носење на повеќе предлог законски измени по скратена постапка, меѓу кои и на законот за прогласување на просторот околу Собранието за безбедна зона.

Пратеникот Никола Мицески, во образложение на предлогот, рече дека по подолг временски период и консултација со работната група, заедно со сите координатори на пратенички групи консензуално се договориле за поднесување поднесување на ова законско решение по скратена постапка.

-За прогласување на законот за просторот околу Собранието на РСМ за безбедносна зона, со што се уредува статусот, вкупната површина, границите на земјиштето, употребата, обезбедувањето, надзорот и уредувањето на имотоно правните прашња поврзани со просторот околу Собранието, прогласен за безбедносна зона имајќи во предвид дека во минатото поради атрактивноста на самиот простор имаше обиди за негово приватно уредување, односно влегување на приватен стопански субјект. Сметаме дека ова законско решение е исклучително важно со што се уредува безбедносната зона на самото Собрание, изјави Мицески, нагласувајќи дека нема да забрани собирање и изразување на разни протести или настани на булеварот пред Собранието.

Пратениците ја изгласаа и потребата од носење по скратена постапка и ги дадена на понатамошпо читање и Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи и Предлогот на закон за изменување на Законот за работните односи.

Собранието, по утврдувањето на дневниот ред на денешната 51 седница, како прва точка ја разгледа и донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието.

Понатаму пратениците, без расправа ги донесоа и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата на Собранието, одлуката за изменување на Одлуката за именување на претседател, потпретседател, членови и заменици членови на Националниот совет за евроинтеграции, одлуката за изменување на Одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците, одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и заменици членови на Советот на Собранискиот канал, одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието, како и одлуката за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави и избор на претседател и членови на пратеничките групи на Собранието за соработка со парламенти на други држави.

Собранието, исто така, ја донесе одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ),

По однос на оваа точка, пратеникот Халил Снопче побара од претседателот на Комисијата за именувања да излезе на говорница и да каже дали против него има некакви забелешки.

На тоа пратеникот Ѓорѓија Сајкоски му реплицира дека нема забелешки во неговата работа.

–Вие си го направивте вашиот избор, во Собранието има пропорционална застапеност на пратениците, вие одбравте да бидете во опозиција. Нема забелешки за твојата работа во однос на таа комисија, но вие заедно со тројца пратеници имате пропорционална застапеност само во неколку комисии да учествувате, рече Сајкоски.

На седницата воедно беа изгласани и одлуката за изменување на Одлуката за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), одлуката за изменување на Одлуката за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и одлуката за изменување на Одлуката за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието во парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

Пратениците во прво читање ги изгласаа и предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност и Предлог на закон за изменување на Законот за приватните агенции за вработување и го дадоа на понатамошно читање.

Додека за Предлогот на закон за ратификација на Договорот за Централноевропската програма за размена на универзитетски студии, Предлогот на закон за претворање на побарувањето на Република Северна Македонија по основ на платени обврски кон странски кредитори во траен влог во Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје во државна сопственост, по скратена постапка, Предлог на закон за прогласување на Просторот околу Собранието за безбедносна зона, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка,  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управување со кризи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување на Законот за работните односи, по скратена постапка, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавно здравје – Прво читање, Годишен извештај за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија за 2024 година, заменикот претседател на Собранието Антонио Милошоски рече дека ќе бидат разгледани кога ќе се овозможат деловнички можности за тоа.

Седницата продолжува утре.

Tags: Собрание
Next Post

Објавени добитниците на грантови за граѓанските организации во рамки на Програмата на Министерството за односи меѓу заедниците

НАЈНОВО

Foto: Wikimedia Commons

Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

August 18, 2025
Трамп, европски лидери. Фото: Скирншот, АП

Што истакнаа Трамп, Зеленски и европските лидери на заедничкиот состанок

August 18, 2025

Николоски: На крајот од мандатот на оваа Влада, Македонија ќе биде лидер во инфраструктура во регионот

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk