Мира Мурати е албанско-американска инженерка и лидерка за технологии, позната по својата клучна улога во развојот на напредни системи за вештачка интелигенција (ВИ).
Родена на 16 декември 1988 година во Валона, Албанија. На 16-годишна возраст добила стипендија за студии на Pearson College UWC во Канада. Потоа, завршила двојна диплома: Бакалавар по уметности на Colby College во 2011 година и Бакалавар по инженерство на Thayer School of Engineering при Dartmouth College во 2012 година.
Мурати започнала како продукт менаџер за Model X, каде активно учествувала во развојот на електричниот автомобил. Во улога на потпретседател за производи и инженерство, работела на проекти за проширена реалност. Се придружила на OpenAI како потпретседателка за примена на вештачка интелигенција и партнерства, а подоцна била именувана за главен технолошки директор (CTO) во мај 2022 година. Таа била клучна во развојот на ChatGPT, DALL·E, Codex и Sora. Во ноември 2023 година, привремено ја презела функцијата извршен директор по кратката смена на Сам Алтман.
Во февруари 2025 година, Мурати ја основала Thinking Machines Lab, стартап за вештачка интелигенција со цел да ги направи системите за ВИ поразбирливи и прилагодливи на индивидуалните потреби. Компанијата има амбициозен план да собере 2 милијарди долари во најголемиот почетен инвестиционен круг во историјата, а проценката на вредноста на компанијата се движи околу 10 милијарди долари.
Во октомври 2023 година, Мурати била рангирана на 57-то место на листата на “100 најмоќни жени во бизнисот” на Fortune. Во 2024 година, Time ја вклучилa на листата “100 највлијателни луѓе во ВИ”. Во 2024 година, Dartmouth College ѝ доделилa почестена диплома по наука за нејзиниот придонес во демократизацијата на технологијата.
Мурати е позната по својот став за одговорен развој на вештачката интелигенција и нагласувањето на важноста од регулирање на технологијата за да се осигура дека е во согласност со човечките вредности. Таа активно учествува во јавни дискусии за етичките импликации на ВИ и влијанието врз општеството.
Редакција Фронтлајн