ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЗДРАВСТВО

Времено прекинати протестите на хонорарците во тетовската болница, ќе почекаат нов министер за здравство

June 4, 2025 11:53
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Луѓето кои работат како медицински сестри и техничари, доктори, техничка служба и администрација во Клиничка болница Тетово го ставија во времено мирување нивниот секојдневен јавен протест со кој бараа да ги добијат неисплатените плати како и решенија за вработување на неопределено време. На денешниот четврти ден по ред како се собираат и изразуваат револт посочија дека се разочарани од тоа што немаат поголема поддршка од јавноста, затоа ќе чекаат да се назначи нов министер за здравство со надеж дека ќе се реши нивниот проблем.

– Во целиот свет, протестите се неминовно загарантирано право за барање на правата на секоја индивидуа, но видливо дека ова право не важи во нашата земја каде живееме и работиме. Нашите протести со години биле тивки со многу жртвувања. Од почетокот нашиот револт не беше насочен кон директорот и неговото раководство. Ние со години се соочуваме со истиот проблем, при менување на раководствата. Секогаш сме одговарале кога сме биле повикани на нивните наредби, сме ги покривале дефицитот во сите оддели, дури и за време на пандемијата, истакна во име на собраните, Лидија Коруновски, ангажирана во администрацијата на болницата.

Но и покрај сите заложби, велат, тие не го добиле заслуженото, решенија за трајно вработување.

– По првпат собравме сили нашиот глас да се слушне преку медиумите поради неподдржување од компетентните лица на Клиничка болница, колеги, синдикати. Одлучивме да го прекинеме протестот и да се повлечеме тивко и достоинствено како што ни доликува. Но ова повлекување не значи дека ќе прекинеме да ги бараме нашите права на вработувања. Ќе чекаме одговор од болницата, Министерството здравство, како и од Министерството за финансии, истакна Лидија Коруновски.

Деновиве додека се протестираше од раководството на болницата беше одговорено дека и тие чекаат одлуки од владините министерства за решевање на проблемот со неисплатените плати, нови договори за дело, како и трајно вработување. Во Клиничка болница Тетово проблемот се однесува на околу 140 лица.

Next Post

Општините од Северна Македонија, Србија и Босна и Херцеговина се вмрежија и ги зајакнаа капацитетите за интеграција на РЕСИ алатката во локалното планирање и буџетирање

НАЈНОВО

Дијана Хрка објави дека го прекинува штрајкот со глад

November 17, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Орбан продолжува со цинизмот: Ја спореди итната помош за Украина со „воткa за алкохоличар“

November 17, 2025

Неизвесно снабдувањето со гориво во Србија по 1 декември

November 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kолку е опасно ако пиете кафе на празен стомак наутро?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk