Агенцијата за лекови на Европска Унија (ЕУДА) во годишниот извештај предупредува на растечката закана од синтетичките дроги, нагласувајќи оти во 2023 година во Европа се регистрирани 7.500 смртни случаи поврзани со синтетичките опијати.
На европскиот наркопазар од 2009 година откриени се 88 нови синтетички дроги, а седум нови варијанти се идентификувани во 2024 година. Седумте новоидентификувани соединенија се нитазени, кои понекогаш се посилни од фентанилот.
Според ЕУДА, во Естонија и во Летонија нитазенот е помеѓу главните причини за предозирање.
Агенцијата предупредува и на фалсификувани лекови кои наликуваат на медикаментите кои се издаваат на рецепт, како бензодиазепинот, а всушност содржат нитазен.
ЕУДА, исто така посочува дека во Европа е зголемено запленувањето на синтетички дроги сродни на психоактивната состојка на растението кат, кое традиционално се џвака за енергија, а сега се повеќе се преработува в синтетички деривати.
Во ЕУ во 2023 година конфискувани се 37 тони синтетички катинони, а во 2021 година биле запленети 4,5 тони.
Во извештајот на ЕУДА се истакнува дека најчесто користена дрога во Европа е кокаинот. Во 2024 година 2,7 милиони луѓе на возраст од 15 до 34 години потврдиле дека земаат кокаин.