Во Република Северна Македонија се евидентирани вкупно 203 илјади бесправни објекти, според официјалните податоци потврдени од 80 општини на републичко ниво. Директорот на Државниот инспекторат за урбанизам и градежништво, Зухејр Реџепи, изјави за весникот “Лајм” дека општина Чаир се рангира на 19-тото место на републичко ниво, со вкупно 3.158 бесправни објекти, додека во рамките на Град Скопје, таа е на 6-тото место од вкупно 10 општини.
Од ВЛЕН соопштуваат дека на врвот на листата на републичко ниво по број на бесправни градби се наоѓаат Гази Баба (10.934), Гостивар (8.878) и Прилеп (8.500).
„Ова е проблем што не е ограничен само на една одредена општина, туку станува збор за прашање со републички размери“, истакна Реџепи, додавајќи дека податоците се обработени табеларно со цел да се добие јасна слика за секој град поединечно.