ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Ослободителна пресуда за Мерко за набавката на автомобил „Ауди“ за потребите на Општина Струга

June 9, 2025 13:40
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Струшкиот суд донесе ослободителна пресуда за градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди“ во вредност од 67.000 евра.

Судечкиот судија Јордан Јованов во пресудата посочува дека од правен аспект со анализа на сите законски прописи кај Мерко не постои основ за кривична одговорност и затоа судот донел одлука за ослободителна пресуда.

– При донесувањето на пресудата се раководев од фактот што во диспозитивот на обвинителниот предлог не е содржана бланкетна норма и оти со тоа постапување спротивно на наведената бланкетна норма на некого му е прибавена корист или на некого му е прибавена штета, појасни Јованов при образложението на пресудата.

Согласно приложените докази за јавната набавка на возилото, додаде, не било утврдено дека е постапено спротивно на било која одредба од Законот за јавни набавки.

– Уште во текстот на обвинението стои дека дозволениот лимит за набавката на возилата бил 7 милиони, и набавката е во рамки на тој лимит. Целокупната документација е уредна, затоа што еднаш се водела една постапка, која завршила со само една понуда задоцнета и таа е поништена. Во втората се пријавиле двајца понудувачи, имаат комплетни документи и проценка на вредноста на возилата и сите процедури коишто се во рамката им е запазена. Избран е оној што дал помала понуда, значи најповолниот понудувач, во согласност со правилата на Законот за јавните набавки, додаде Јованов.

Во обвинението стои дека му е прибавена имотна корист на тој најповолен понудувач, но, судот не утврдил дека се направени одредени манипулации или недозволени дејствија во рамки на постапката.

Во однос на блокираната сметка на Општина Струга, било утврдено дека сметката е пуштена за потребите на Општина Охрид, а била опфатена и Струга. Имало определување рамка со која Општината може да ги задоволува своите потреби, и таа рамка по потреба била менувана, и покачуван лимитот од страна на претседателот на Судот. Така било направено и во конкретниот случај за тие 7 милиони денари што се предвидени за набавка на возила. Постапувањата на претседателот на Судот биле предмет на расправа пред Судскиот совет за тоа дали постои некаков основ да му се утврди одговорност. На седницата на Судскиот совет откако била разгледана целата документација било утврдено дека не постои одговорност за претседателот на Судот, кој постапувал.

Релевантен доказ во постапката, за Судот, според Јованов, бил Извештајот на Државниот завод за ревизија, кој бил повикан во 2019 година да провери што се случувало во 2018.

– Сите ставки се претресени, дошле ревизорите, дел ги слушнавме, во писмениот извештај се ставени повеќе работи на кои имаат забелешки, но не и за конкретниот случај. Немаме потврда од овластен орган дека е постапено нешто спротивно на целата документација и процедурата за јавни набавки и со тоа е оштетен буџетот. Дали е прибавена корист лично за сторителот, со оглед дека се работи за возило за потреби на Општина и се користи за потреби на Општина, а не за лични негови потреби и негови блиски лица и од тој аспект неможеме да го разгледуваме ова прашање, рече судечкиот судија.

Од формален аспект, според него, нема повреда, единствено може да повлече само морална одговорност, како избран носител и да даде отчет, пред оние коишто го избрале на кој начин се трошат парите.

Судскиот процес почна во април минатата година, а Мерко се товареше за злоупотреба на службена положба, поради набавката на четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114.000 евра, меѓу кои луксузен автомобил „Ауди А6“, со што се тврдеше дека го оштетил буџетот на Општината спротивно на начелата на законитост и спротивно на јавниот интерес во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка.

Против Мерко во тек се судски процеси за незаконско поставување директори во неколку струшлки училишта и поставено спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Руте бара зголемување на воздухопловната одбрана на НАТО за 400 отсто

June 9, 2025
Пламен се издига над рускиот град Чебоксари во Република Чувашија по наводниот украински напад со беспилотни летала на 9 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Телеграм каналот Астра

Украински дронови предизвикаа пожар во руски објект за електронско војување во Република Чувашија, погодиени два авиони во нападот на воздухопловната база Саваслејка

June 9, 2025
Скриншот

Гувернерот на Калифорнија ќе ја тужи администрацијата на Трамп поради испраќање на Националната града во Лос Анџелес

June 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • И Вучиќ и опозицијата прогласија победа на локалните избори во Косјериќ и Заечар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ѝ објави „војна“ на ДУИ, остри критики на социјалните мрежи за неговата реторика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишен од слобода сопственикот на агенцијата, која ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е време за навивање – време е за будност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Листата „Не ја даваме на Србија – Александар Вучиќ“ доби најмногу гласови на локални избори во два града во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk