Изразуваме длабока загриженост кон последните трендови со кои Власта, преку серија институционални чекори, системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера. Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците. Паралелно, Инспекторатот за примена на законот е фактички блокиран, му е одземена автономијата, инспекторите шест месеци не земаат плата, и немаат основни услови за работа, вклучително и пристап до службени возила, соопштуваат од ДУИ.
Оттаму велат дека „самиот директор, поставен од Владата, јавно призна дека возилата се користат за негови лични цели, додека институцијата не функционира“.
„Скандалот е продлабочен од страна на Министерот за политички систем, кој вчера изјави дека ќе го смени директорот на Инспекторатот не поради неработење, туку за да му го покаже местото.
Оваа изјава е директна демонстрација на институционален притисок и понижување врз службената употреба на албанскиот јазик.
Ги повикуваме сите албански општествени фактори, вклучувајќи ги и остатоците од ВЛЕН кои останаа дел од Владата, да преземат одговорност кон и јасно да се спротивстават на овие системски закани врз Албанскиот јазик.
Албанскиот јазик не е политичка привилегија , тој е уставна категорија и дел од темелите на Охридскиот договор“, се нагласува во соопштението од ДУИ.