ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Косово ќе прифаќа депортирани мигранти од САД; Триесет неуспешни обиди за конституирање на косовското собрание; Истрагата за Илир Мета продолжена за уште шест месеци

June 11, 2025 14:35
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Владата  на Косово потврди за Радио Слободна Европа дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави во врска со приемот и привременото преселување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

Конституирањето на косовското собрание не успеа по 30-ти пат, јавуваат косовските медиуми.

Во продолжение се поместени содржините од  денешниот редакциски избор на ЦивилМедиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Косовската влада изрази подготвеност да прифаќа мигранти депортирани од САД

Владата  на Косово потврди за Радио Слободна Европа дека изразила подготвеност да соработува со Соединетите Американски Држави во врска со приемот и привременото преселување на државјани од трети земји во Косово, „во согласност со утврдените услови“.

„Во период од една година, до педесет лица можат да бидат привремено преселени, со цел да се олесни нивното безбедно враќање во нивната земја на потекло. Владата изрази подготвеност да се ангажира, со можност за избор на лица од предложен список, доколку ги исполнуваат одредени критериуми во врска со владеењето на правото и јавниот ред“, изјави за Радио Слободна Европа Перпарим Криезиу, портпарол на вршителот на должноста влада.

Блиц: 30 неуспеси – застојот во Собранието продолжува

Конституирањето на косовското собрание не успеа по 30-ти пат, објави „Газета Блиц“. 52 пратеници гласаа „за“, немаше воздржани и немаше против.

Претседателот на седницата, Авни Дехари, изјави дека следната седница ќе продолжи во петок, 13 јуни, во 11:00 часот.

Еуроњуз: Бизнисмените протестираат против либерализацијата на пазарот на електрична енергија

„Не го запирајте нашето производство“, „Брза либерализација на електричната енергија – монопол, а не конкуренција“, „Без транспарентност, нема слободен пазар“, ова се дел од транспарентите на протестот што денеска во Приштина го одржаа претставници на бизнисот, против одлуката на Канцеларијата за регулација на енергетика.

Одлуката на Канцеларијата за регулација на енергетика (КАЕ), за либерализација на пазарот на енергија, стапи на сила на 1 јуни.

Според оваа одлука, сите приватни и јавни компании кои имаат над 50 вработени или годишен обрт од над 10 милиони евра се на отворениот пазар и се снабдуваат со енергија по цени кои не се регулирани од државата, пренесе Еуроњуз.

Повеќе од 1.300 приватни бизниси се веќе дел од овој пазар.

Сепак, одлуката предизвика силни реакции и бројни загрижености од деловната заедница.

АЛБАНИЈА

Факсвеб: СПАК ја продолжи истрагата за Илир Мета на уште шест месеци

Адвокатот на Илир Мета, Кујтим Цакрани, денес зборуваше од Специјалното обвинителство, каде што изјави за медиумите дека истрагата против Мета ќе биде продолжена за уште шест месеци. Адвокатот на претседателот на Партијата на слободата, пред просториите на Специјалното обвинителство, изјави дека ова е втор пат СПАК да ги продолжи истрагите против Мета.

Мета изјави дека „живееме во изборна автократија“ и предупреди дека случајот ќе се води до Европскиот суд за човекови права, пренесе Факс веб.

КОЛУМНА

Коха: „Човекот што ја избра слободата“

Бујар Букоши  (1947-2025)

„Четириесет години подоцна, Бујар Букоши ритуално му се повторуваа две сцени кои претставуваа речиси една целина.

Првата беше онаа на д-р Бујар и д-р Зана Букоши, кои се соочуваат со дилемата на животот, останувајќи во Германија како лекари кои се веќе специјализирани и поканети од германски професори – 1985 година е, сè на Косово е поминато и се движи кон одредена деградација по репресијата што ја вршат Србија и остатокот од Југославија.

Втората е мало село во Егејот, во северна Грција, во кое двојката и нивните три ќерки ги поминуваат летните одмори со секојдневната грижа на сопствениците на изнајмената куќа. Споени во една, двете сцени ја дадоа сликата за европско семејство од средната класа кое ужива во животот во својата предвидлива безбедност.“, пишува косовскиот Автор Ветон Сурои, во колумната „Човекот што ја избра слободата“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post
Одеса. Фото: Скриншот од видео на КијивПост

Вучиќ и Дан во први официјални посети на Украина, Македонија на Самитот ќе ја претставува Изет Меџити

НАЈНОВО

Фото: Креирано со помош на ВИ

За одредени македонски медиуми, најбитни се реакциите на Кремљ

October 3, 2025
Фото: МИА

Клековски: Уште 15 претставки од пациенти за сомнителни кардиолошки интервенции се пристигнати во ФЗО, ги препраќаме до МЗ

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео

Хамас бара повеќе време за да го проучи ултиматумот на Трамп за прекин на војната во Газа

October 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • фото: ФБ профил на Елка Јачева Улчар

    Елка Јачева Улчар: Вистина е дека не е познат авторот на кирилицата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски најави 100 милиони евра во инфраструктурни проекти за Кочани и регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Српски пасоши за Руси – нова алка во руското влијание на Балканот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел Фајфер: Да знаев дека ќе станам баба, немаше да преземам толку многу работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реџепи, Лимани и Османи со јасна предност – две победи во прв круг, една во вториот круг на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk