Велика Британија воведе санкции против двајца крајно десничарски израелски министри поради „повторено поттикнување насилство против палестинските заедници“ во окупираниот Западен Брег, објави Би-би-си.
На Итамар Бен-Гвир и Безалел Смотрич ќе им биде забранет влез во Велика Британија и ќе им биде замрзнат секој имот во Велика Британија како дел од мерките објавени од министерот за надворешни работи.
Велика Британија стана дел од заедничкиот потег со Австралија, Норвешка, Канада и Нов Зеланд, објавен во вторникот.
Како одговор, Израел рече: „Скандалозно е што избраните претставници и членовите на владата се подложени на вакви мерки“.
Дејвид Лами рече дека министерот за финансии Смотрич и министерот за национална безбедност Бен-Гвир „поттикнале екстремистичко насилство и сериозни злоупотреби на палестинските човекови права“.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, го осуди потегот, пишувајќи на X:
„Овие санкции не ги унапредуваат напорите предводени од САД за постигнување прекин на огнот, враќање на сите заложници дома и завршување на војната“.
Тој ги повика земјите да ги поништат санкциите, додавајќи дека САД „стојат рамо до рамо со Израел“.
Д. Мишев / Цивил Медиа