ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Претставата „Рацин“ на велешкиот театар е забележителен, нов сценско – музички перформанс, МТФ „Војдан Чернодрински“ вечер ја завршува програмата

June 12, 2025 21:10
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Претставата на велешкиот театар „Рацин“ во официјалната конкуренција на МТФ „Војдан Чернодрински“ беше музичко-сценски перформанс кој беше предизвик да се следи. Го отвора просторот за нов сценски израз кој ја привлекува и помладата публика.

Ова беше речено на денешните разговори за претставата „Рацин“ на велешкиот театар која синоќа ја виде прилепската публика во официјалната програма на 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, а кој утре ќе заврши.

Во отсуство на режисерот (Дејан Пројковски) и на драматургот (Сашо Димовски) актерот Јордан Витанов нагласи дека еден од важните моменти за кои претставата сака да проговори, а сѐ уште е табу тема, е погубувањето (загинувањето) на Кочо Рацин.

-Претставата има епска конотација. Очекувам поаналитичен пристап. Ако ги изземам досегашните научни навраќања на Рацин, претставата сака да проговори за она што се смета табу тема – погубувањето на Рацин. Се обидува да го постави прашањето – дали е тоа така. Неговото загинување е едно од неодговорените национални и социјални прашања. Имавме извадоци, реченици, стихови од прозата и поезијата на Рацин. Во фрагментарната подлошка се вклопија музичките и сценските изрази. Претставата се обиде да пренесе Брехтовски манир. Рацин е комплексна личност. Ова е наше прво вакво навраќање на Рацин, рече Витанов.

Одличната музика на сцена која ја нагласија и екипата и публиката, композиторот Сашко Костов ја објасни како интенција таа да биде слеана со сите сценски изрази.

-Појдовна точка беше сѐ да биде слеано – мизиката, сценските изрази, кореографските точки, танцот. Нашата идеја беше да ја доловиме емоционалноста. Процесот беше одличен и интензивен, рече Костов најавувајќи дека наскоро музиката ќе се најде на носач на звук.

Останаа забелешките до режисерот( Дејан Пројковски) и до драматургот (Сашо Димовски)  за неавтентичко пренесување на стиховите на Рацин, но се нагласи дека треба да се поддржи новиот театарски израз во Македонија.

-Мора да размислуваме мултимедијално. Ова треба да се поздрави, рече Ѓорѓиевска.

Вечер на програмата на МТФ „Војдан Чернодрински“ се последните две претстави во официјалната програма. Од 18 часот во големата сала од Центарот за култура „Марко Цепенков“, ансамблот на Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Пар распар“, а од 21 часот, на истата сцена е претставата на Турски театар „Слепци“.

Утре напладне Меѓународното жири Нела Оташевиќ, Иван Меденица и Лилија Абаџиева ќе соопшти која е најдобрата претстава во целина и кои се најдобрите остварувања на годинашниов МТФ „Војдан Чернодрински“.

Утревечер ќе бидат доделени наградите и ќе се одигра претставата во чест на наградените „Вистината“ на Театар Комедија со што ќе биде затворен годинашниов 59. МТФ „Војдан Чернодрински“.

Tags: МТФ „Војдан Чернодрински”
Next Post

Приведени 13 лица, меѓу кои се началници и полицајци кои биле на смена кога се случи пожарот во „Пулс“

НАЈНОВО

Три лица осомничени за убиството пред казино во Кавадарци

August 28, 2025

Јавниот градски автобуски превоз во Скопје по неделен возен ред

August 28, 2025
Скриншот

Алмодовар ја повика шпанската влада да ги прекине односите со Израел

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk