Танцов перформанс „Нестабилни другари“ од српскиот кореограф Игор Коруга ќе се одржи вечер од 20.30 часот во Младинскиот кулутрен центар. Перформансот е дел од Фестивалот за квир-феминистичка култура, уметност и теорија – Викенд на гордоста Скопје 2025, годинава куриран под тематот Југоквир.
Како што соопштуваат од Коалиција Маргини, перформансот претставува критичко преиспитување на влијанието на капитализмот, патријархатот и другите репресивни системи врз личниот и телесниот простор – род, сексуалност, желба, емоции – преку јазикот на современиот танц. Инспириран од квир марксизмот, Коруга ја претвора сцената во динамичен простор за истражување на идентитетот, ранливоста и отпорот како средства за политичка визија.
Во авторската екипа се драматургот Димитрије Коканов, композиторот Владимир Пејковиќ, дизајнерот на светло Борис Буторац и танцовите изведувачи Маријана Гавричиук, Тамара Пјевиќ, Георге Александру Плешка, Хунор Џозеф Варга и Јакша Филиповац.
Делото е резултат на копродукција на Националниот центар за танц Букурешт и Фондацијата Brain Store Project Софија, реализирано преку Јужноевропски танцови станици (СЕЕДС), АПАП – Феминистички иднини, Грантот за мобилност Culture Moves Europe и Институтот Гете.