Поранешниот шведски премиер и познат европски дипломат, Карл Билд, го коментираше состанокот одржан во вторник во Брисел меѓу Косово и Србија, под посредство на новиот претставник на Европската Унија, Петер Соренсен, јавуваат косовските медиуми.
Во објава на социјалните мрежи, Билд рече дека дијалогот е рестартиран со Соренсен како медијатор, но според него, очекувањата за какви било поголеми случувања во оваа фаза треба да бидат ограничени.
„Мислам дека очекувањата за голем пробив треба да се држат во одредени граници засега“, напиша Билд, додавајќи дека ова е само почеток на работата на Соренсен во овој процес.
Новиот претставник на ЕУ, Петер Соренсен, ја одржа првата официјална средба со страните во рамките на дијалогот, додека се очекува дека во наредните недели ќе има дополнителни обврски за деблокирање на процесот.