До 11 часот претпладнево аеродромите во Ларнака и Пафос во Република Кипар добиле барања за пренасочувања на вкупно 32 авиони, чија крајна дестинација бил Израел или други соседни аеродроми, информираа од компанијата „Hermes Airports“ која управува со кипарските аеродроми, јави дописничката на МИА од Атина.
Поконкретно 23 авиони биле пренасочени кон Ларнака, девет кон Пафос, а патниците се на Кипар и нивните авиокомпании ќе се погрижат за сместувањето.
Паралелно, од компанијата додадоа дека биле откажани 15 летови од и кон аеродромот во Ларнака и еден за аеродромот Пафос и се очекува сите денешни летови до и од Израел да бидат откажани.