Авион на Ер Индија од Пукет во Тајланд до главниот град на Индија, Њу Делхи, добил закана за бомба во авионот во петокот и принудно слетал на островот, соопштија аеродромските власти, пренесува Ројтерс.
Сите 156 патници на летот AI 379 биле евакуирани од авионот, во согласност со плановите за вонредни ситуации, изјави официјален претставник на аеродромите на Тајланд.
Авионот полетал од аеродромот Пукет кон главниот град на Индија во петокот во 9:30 часот (02:30 часот по Гринич), но направил широк круг околу Андаманското Море и слетал назад на јужниот тајландски остров, според системот за следење на летови Flightradar24.
Инцидентот следува по падот на авионот на Ер Индија во Ахмедабад во четвртокот кратко по полетувањето, во кој загинаа повеќе од 240 лица.
AOT не даде детали за заканата со бомба. Ер Индија не одговори веднаш на барањето за коментар.
Индиските авиокомпании и аеродроми беа преплавени со лажни закани за бомби минатата година, со речиси 1.000 лажни повици и пораки примени во првите 10 месеци, речиси 10 пати повеќе отколку во 2023 година.
Д. Мишев / Цивил Медиа