За прв пат откако повторно е востановена наградата од публика на МТФ „Војдан Чернодрински“, претставата „Слепци“ на Турски театар – Скопје освои највисока оценка (5,00) од публиката!
Денеска беа објавени и наградите од Жири-комисијата во состав Нела Оташевиќ од Црна Гора, Лилија Абаџиева од Бугарија и Иван Меденица од Србија.
Награда за уметничко остварување на преставата во целина со мнозинство гласови се доделува на ансамблот на НУ МНТ за уметничко остварување во претставата „12“.
Специјална награда за колективна актерска игра едногласно се доделува на ансамблот на НУ МНТ – Скопје за претставата „12“.
Со доделување на наградите и со претставата „Вистината“ на Театар Комедија“ во чест на наградените, вечер во Прилеп ќе заврши 59. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, кој почна на 6 јуни.
Годинашниов Фестивал се одржуваше под мотото „Смеј се и осмели се“. Свеченото затворање на Фестивалот е вечер од 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
На линкот ТУКА, сите наградени на 59. издание на фестивалот, со одлука на стручното жири.
Ј. Ѓ.
Прочитајте и…
Објавени наградите на МТФ „Војдан Чернодрински“: Најдобра претстава е „12“ на МНТ