Премиерот Педро Санчез му се извини на шпанскиот народ откако ескалираше корупцискиот скандал со секретарот на неговата Социјалистичка партија, пренесува Би-би-си.
Санчез, кој ја води Шпанија од 2018 година, рече дека не постои нешто како „нулта корупција“ и се обиде да се дистанцира од аферата, исклучувајќи ја можноста за предвремени избори.
Лидерот на опозициските конзервативци, Алберто Нуњез Фехоо, рече дека е време Санчез да поднесе оставка: „Опстанокот повеќе не е опција“.
Потиштениот Санчез призна дека погрешил што му верувал на Сантос Сердан, секретарот на неговата Социјалистичка партија, и зборуваше за своето длабоко разочарување.
Сердан е замолен да сведочи на суд откако судијата посочи дека можеби дејствувал со поранешни партиски функционери во неправилно доделување јавни договори во замена за мито.
Тој во четврток изјави дека се повлекува за да се брани во Врховниот суд на 25 јуни, тврдејќи дека „никогаш не сторил кривично дело, ниту пак сум бил соучесник“.
И покрај седумте години на власт, Санчез предводи нестабилна, малцинска коалиција, обезбедена откако конзервативната Народна партија победи на изборите во 2023 година, но не успеа да формира влада.
Претходно, илјадници демонстранти се собраа во центарот на Мадрид против премиерот Педро Санчез, барајќи негова оставка.
М. Д. / Цивил Медиа