ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО Народна партија: Судската пресуда за Љупчо Георгиевски е длабоко недемократски чин

June 14, 2025 14:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Мицкоски и Љупчо Георгиевски

Мицкоски и Љупчо Георгиевски

Судската пресуда во која претседателот на сега веќе бившиот културен клуб „Ванчо Михајлов“, Љупчо Георгиевски е осуден на една година затвор, за ВМРО-Народна партија претставува враќање на вербалниот деликт со кој масовно се казнуваа граѓаните во комунистичка Југославија, реагира ВМРО-Народна партија.

„Од една страна тој претставува длабоко недемократски чин со кој се застрашуваат граѓаните на Македонија да размислуваат и зборуваат по нивното слободно уверување и убедување, а од друга пак тоа е удар и врз македонската историја преку обид за судење на историската улога на Ванчо Михајлов за што не се дрзнала ни комунистичка Југославија.

Оваа судска одлука ја демонстрира и хипокризијата на македонскиот правосуден систем со оглед на фактот дека масовно на српските одбележувања на битките кај Зебрњак, Брегалничката битка, Денот на победата во Битола како и Валандовското востание, српските претставници го употребуваат терминот „Јужна Србија“, „Стара Србија“ или „ослободување на србите во Македонија.“

И конечно ваквата одлука би требало да има и понатамошни правни последици со оглед на тоа дека во статутот на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ јасно е утврден континуитетот со трите конгреси на ВМРО под водство на Ванчо Михајлов.

Во секој случај вакавата судска одлука е срам за македонската демократија и претставува нејзино значително уназадување“, се нагласува во соопштението од Центарот за комуникации на ВМРО-Народна партија.

Основниот суд во Битола го осуди Љупчо Горгиевски, поранешен претседател на сега веќе згаснатиот клуб „Ванчо Михајлов“, на една година затвор, условно. Пресудата се однесува на кривичното дело „величење на лик и дело“ на контроверзниот водач на ВМРО Иван (Ванчо) Михајлов, обвинение што Обвинителството го врзува со поттикнување национална и расна омраза преку интернет-објави.

„Судот во Република Северна Македонија ми изрече казна од една година затвор, условно, со две години условна казна. Оваа реченица нема законски товар за мене — има симболична вредност. Ова е политичка порака насочена не против моето лично име, туку против бугарската самосвест во Македонија“, напиша Горгиевски на Фејсбук, додавајќи дека државата „може да изрече казни, но не може да ја гони совеста“.

 

Tags: ВМРО-Народна партија
Next Post

Судирот меѓу Иран и Израел не води кон регионална, туку кон глобална војна, истакна Туск

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Утре сончево со умерена облачност и пораст на дневните температури

August 6, 2025

Специјалната болница за гинекологија „Мајка Тереза“-Чаир со нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика

August 6, 2025

Скендер Реџепи – кандидат за градоначалник на Скопје од Европскиот фронт

August 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани остануваат без вода поради расипништвото и немарноста на ВМРО-ДПМНЕ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Казна за младите тиктокџии кои го ризикуваа животот за 1 минута слава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk