ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гаши се сретна со претседателот на Азербејџан, Алиев: Заедничка е заложбата за силно партнерство, особено во делот на енергетиката

June 17, 2025 13:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Традиционално пријателските односи меѓу двете земји, како и потребата од дополнително продлабочување на меѓусебната соработка биле потенцирани на денешната средба на претседателот на Собранието, Африм Гаши со претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

На состанокот Гаши истакнал дека државата, особено во овој мандат, е посветена на проширување на хоризонтите и на јакнење на партнерства со држави со кои, независно од тоа што не припаѓаат на ист регион, имаат заеднички интерес за соработка и градење мостови на пријателство.

Тој додал дека земјава не отстапува од евроинтегративен пат и покрај предизвиците со кои се соочува, но, како што посочил „сме цврсто решени да ги прошириме нашите партнерства со држави како што е Азербејџан, со која немаме отворени прашања, а имаме заеднички интерес за соработка“.

Претседателот Гаши нагласил дека имаме заедничка заложба за зајакнување на партнерството во областа на снабдување со гас, имајќи ги предвид ресурсите на Азербејџан и за нивната присутност на Балканот и во дел од земјите на Европската Унија.

Претседателот Алиев истакнал дека Азербејџан веќе работи на можностите да се обезбеди долгорочна соработка меѓу двете држави во делот на снабдувањето со гас, при што истакнал дека покрај соработката во енергетскиот сектор, треба да се размислува и за зголемување на трговската размена и соработка во делот на транспортот.

Двајцата соговорници оцениле дека двете земји, покрај на соработката во областа на транспортот, трговијата и економијата, можат да се фокусираат и на соработка во културата и туризмот, бидејќи и двете држави имаат што да понудат, а тоа може да придонесе во зближување на народите.

Гаши, како што соопштија од неговиот кабинет, е во официјална посета на Азербејџан од денеска до 19 јуни, на покана на претседателката на азербејџанското Националното собрание, Сахиба Гафарова, а делегацијата ја сочинуваат пратеникот Петар Марков, кој е и претседател на пратеничката група за соработка со азербејџанскиот Парламент, пратеничката Имрлије Салиу Фетаи, членка на групата, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Ова е прва официјална билатерална посета на претседателот на Собранието на Азербејџан, што, како што посочуваат од неговиот кабинет, е показател за заедничкиот интерес за унапредување на меѓусебната соработка и градење на партнерски однос меѓу двете држави.

Tags: АзербејџанГаши
Next Post

Сиљановска – Давкова: Во моментов нема поважна политика од политиката на проширувањето на ЕУ

НАЈНОВО

Протест пред зградата на црногорската Влада, демонстрантите извикуваа „Турци надвор“

October 29, 2025

Лажни се сите дојави за бомби во училишта во Скопје и Куманово

October 29, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 29 октомври

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk