Силни експлозии одекнаа утрово во Ерусалим и Тел Авив откако Иран испука ракети кон Израел, пренесуваат медиумите.
Претходно, сирени за воздушен напад се огласија во неколку израелски области.
Израелската армија објави дека е во тек операција за пресретнување на ракетите. Подоцна соопшти дека заканата поминала и дека луѓето можеле да ги напуштат засолништата.
Порано утрово, израелската армија објави дека извршила неколку големи напади преку ноќ врз воената инфраструктура во западен Иран.