Иранската државна телевизија соопшти дека три лица се убиени во израелски воздушен напад врз нејзината зграда вчера.
Жртвите биле медиумски работници. Иранската државна телевизија, исто така, објави дека има повредени, но не прецизираше колку.
Министерот за надворешни работи на Иран, Абас Аракчи, го осуди нападот, за кој рече дека го покажува „очајот на Израелците“.
-Овој напад јасно покажува кукавичлук во нејзината највисока форма: (Израелците) не можат да победат во вистинска битка и напаѓаат цивилна зграда која само ја кажува вистината, рече Аракчи на иранската државна телевизија.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти утрово дека извршила неколку големи напади во текот на ноќта врз воената инфраструктура во западен Иран.
-Десетици складишта и објекти за лансирање ракети земја-земја беа погодени, како и „места за лансирање ракети земја-воздух и објекти за складирање беспилотни летала“, се вели во соопштението.
Ова соопштение дојде на петтиот ден од размената на напади меѓу Израел и Иран.