ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

June 18, 2025 15:24
in ДЕНЕС, МАГАЗИН, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Виена веќе не е најдобриот град во светот за живеење. По три години на врвот на годишната листа на „Економист интелиџенс јунит“ (Economist Intelligence Unit – ‘ЕИУ’), главниот град на Австрија е детронизиран од „прекрасниот, преубав Копенхаген“, како што се наведува. Данската престолнина го зазеде првото место на топ-листата најпогодни градови за живот, на светско ниво за 2025 година, објавена вчера.

На списокот на сестринската организација на „Економист” се рангирани 173 градови од цел свет – врз основа на низа фактори, вклучувајќи здравје, образование, стабилност, инфраструктура и животна средина. Копенхаген ги победи Виена и швајцарскиот град Цирих, коишто се израмнија на второто место. Австралиски Мелбурн се задржа на четвртото место, а Женева (Швајцарија) е петта. Сиднеј (Австралија) се искачи на топ-10 листата – од седмото на шестото место, додека јапонската метропола Осака и Оукленд (Нов Зеланд) се изедначија на седмото и осмото место.

На деветтото место е Аделаида – третиот австралиски град на оваа топ-листа. Ванкувер (Канада) го зазеде 10-то место.

Зошто Виена годинава не е на прво место?

Иако австрискиот град сѐ уште има добри резултати во повеќето категории, параметарот во стабилноста опадна. Копенхаген, од друга страна, постигна високи резултати во сите критериуми. Остриот пад на оценките за австриската престолнина им се припишува на неодамнешните инциденти, вклучително и заканата со бомба на концертот на Тејлор Свифт минатото лето, што доведе до откажување на настанот.

– Глобалниот квалитет на живот остана непроменет во изминатава година, а како и во 2024., оценките за стабилност се намалени на глобално ниво. При притисокот врз стабилноста Виена ја загуби позицијата на најдобар град за живеење по три години, рече заменик-директорот на „ЕИУ“, Барсали Батачарја.

Виена не е единствениот град што забележа пад. Калгари падна од петтото место во 2024 година, на 18-то – откако доби пониска оценка за здравствената заштита, заедно со три други канадски градови, поради оптоварувањето на здравствениот систем на земјата. Торонто, исто така, падна од 12-то на 16-то место. И британските градови Лондон, Манчестер и Единбург бележат пад – Лондон од 45. на 54., Манчестер од 43. на 52., а Единбург од 59. на 64. место.

Хонолулу, Хаваи, САД – беше највисоко рангиран американски град на листата – се најде на место бр. 23.

Дамаск, Сирија, и натаму е на дното на листата – како најмалку погоден за живот во светот. Веднаш над него е рангиран либиски Триполи, главниот град на Бангладеш, Дака, пакистански Карачи и градот Алжир.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: живеењеКопенхагеннајдобриот град
Next Post

Докторот на Метју Пери ќе признае вина за нелегално снабдување на актерот со кетамин

НАЈНОВО

СДСМ: Во кое својство Орце Ѓорѓиевски го отвори Скопскиот маратон?

October 5, 2025
ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

October 5, 2025

Меџити и архитектот Бајрам Вардар го претставија Мастер планот за Чаир

October 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 5 октомври 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јупитер и Сатурн – чуварите на светови полни со мистерии

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решена мистеријата на „светилките во мочуриштата“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Еве 11 домашни суштиски промени за кои не беа потребни децениите кои ги бара Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk