ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФЕМИНА

Истражување на Трн: Дотерај се и трепкај за работна позиција – засрамувачки барања за жените на пазарот на труд

Kако парче месо што се одбира за скара – вака се чувствуваат дел од жените кога се на интервју за работа

June 19, 2025 15:17
in АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ФЕМИНА
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

„Косата ми беше кратка и ми кажаа дека тоа не остава добар впeчаток за жена и исто така ми беше кажано еднаш додека бев на работно место – ’Насмевни се малку, ги бркаш мажите така ненасмеана’ ова  ми беше кажано додека местев банери пред настан” – Испитаничка на возраст меѓу 25 и 36 години.

Ова е само една од бројните изјави кои истражувачкиот тим на ТРН ги доби како одговор на Прашалникот со кој ја истражувавме дискриминаторската пракса при вработување на жените. Истражувањето е збир на искази од жени на различни позиции, од услужни дејности до судство и пратенички.

На анкетата која беше спроведена во временски период од 2 месеци одговорија 56 жени од кои 50% од испитаничките се на возраст од 35 до 50 години, што ни даде можност директно да ги набљудуваме искуствата на групата која веќе подолг период е на пазарот на труд и поседува поголемо искуство во процесите на вклучување на пазар на труд.

До крајот на Прашалникот, 80% од анкетираните учеснич(к)и можеа да наведат барем еден пример каде директно или индиректно им било укажано дека нивниот изглед влијаел  на нивно кариерно напредување или добивање на работата, а повеќе од 50% потврдиле дека  нивниот изглед влијаел на нивните шанси за вработување. Една од првите изјави која ни посочи на фактот дека истражувањето ќе биде содржинско и полно со споделени искуства беше изјавата на една од испитаничките вработена во медиум која посочи дека за време на едно интервју се почувствувала како „парче месо кое се одбира за скара“.

Филмската режисерка Ана Јакимска која при крајот на нејзините дваесетти години има студирано во Скопје и Лондон на филмска уметност посочува дека една од професорките која била воедно и нејзина менторка во една прилика и посочува дека треба да го искористи фактот што е млада жена за да си ги зголеми шансите за напредок во кариерата.

„Ова подразбираше внимавање на изгледот и себе-претставување на конференции и јавни настани како слободна девојка, никогаш јавно видена со партнер. Болното во овој нејзин совет беше тоа што таа сосема пријателски сакаше да го сподели своето искуство како жена во доминантно машката академска средина и да ме ‘спреми’ за вистинските предизвици“ посочи Ана.

Во разговор со Татјана Стоименовска експертка за родови прашања таа поочи дека дискриминација на работно место и при вработување не е само случај во нашата земја, меѓутоа дека кај нас постојат уште некои постапки кои во другите земји би биле неприфатливи.

„Кај нас се случува, како на пример:  кандидатка да биде прашана за својот фамилијарен статус или пак дали планира деца. За жал, во некои компании тоа се уште е пракса“ вели таа.

Според целото истражување спроведено од ТРН, забележано е дека меѓу редови, ваков тип на сугестии се провлекуваат и кај други испитанички. 50% од испитаничките се на ставот дека одредени родово специфични коментари никогаш не го посочувале ставот на работодавецот или надредениот директно, така што смислата требало да ја бараат меѓу редови.

Од редот на суптилни сугестии спаѓа и исказот на една од пратеничките во Собранието на Република Македонија која посочува дека често во околината, од страна на искрени пријателки ѝ било укажано дека не би можела да оди скалило плус во кариерата поради нејзиниот надворешен изглед (облеката), и посочи дека тоа и тоа како ѝ пречи, и  е реалност со која продолжува да се соочува, како и сите жени.

Друга испитаничка пак посочи дека се работело за начинот на кој што ја „меркаат“, за време на интервјуто за работа – „А потоа откако ја добив позицијата ми кажаа дека на прв поглед ‘паднале’ [на неа], додека одличните резултати на интервјуто само помогнале да се зацементира одлуката“. Овие коментари и дискриминирачки пракси често паѓаат под капата и на сексистички коментари потоа оправдувани како нормални шеги, зјапање и гестикулациите од работодавците.

Една од испитаничките даде пример каде е директно направена дискриминација врз основа на физички изглед кон претходната девојка која била апликантка за истата позиција. „За почетничка позиција во маркетинг агенција, шефот на интервјуто ми кажа дека треба некој како мене за на позицијата, а не како ‘дебелата што беше на интервју пред тебе’“ – напиша испитаничката на возраст од 25 до 30 години. Таа исто така додаде дека од лицето кое ја интервјуирало било посочено дека треба да се смее повеќе и да носи колку што е можно почесто здолниште. На ова експертката Тања додава дека денес сѐ уште се гледаат огласи каде се бара исклучиво жена помеѓу 20 – 40 години.

„Честопати жените се принудени да избираат помеѓу кариерата и родителството. Ова е директна дискриминација врз основа на возраст на пример. Во овој конкретен оглас стоеше и да нема планирано новороденче, но мислам по одредени реакции тоа беше отстрането“ посочи таа.

Покрај овие аспекти жените се коментираат и за нивната тежина, коса, пожелен изглед и очекувани резултати кои се генерално најмногу поради изгледот (изнесено во коментарите), жените сведочат и на друг тип забелешки кои се однесуваат на предлози како да го сменат изгледот, кои одат дури и до пластични операции, преку примерот на испитаничка на која ѝ било сугерирано да го оперира носот и да направи интервенција на забите.

Се заклучува дека системските недостатоци и недоволната заштита на жените допира силно и до ова поле на делување, кое, се коментира потивко и се третира како нешто кое е вообичаен дел од работниот процес. Во овој контекст е и изјавата на новинарката Ана Василевска која вели:  „Посебно е проблематично кога се работи во колектив каде претпоставените се мажи кои се чувствуваат загрозено од вашиот изглед или професионалност. Во такви случаи, наместо признание, можно е да се соочите со сомнежи, потценување, па дури и со отворено исклучување – само поради тоа што изгледате ‘предобро’. За жал, моето работно искуство потврдува дека добриот изглед, во некои случаи, може да стане причина за дискриминација.“

Кај испитаничките постои свесноста за она што треба да се направи во поглед на решавање на овој проблем, но истовремено и чувството дека недоволно се работи на оваа проблематика и покрај конкретните предлози кои ги имаат за работните места каде се наоѓаат.  Според експертката Татјана, анализата на родовите аспекти во правосудство покажа дека ниту во тој сектор нема механизам за пријавување на дискриминација и  сексуално вознемирување на работно место.  Значи потребни се механизми за пријавување и заштита, но пред да се воведуваат механизми, потребна е едукација и сензибилизирање за тоа што е навредлив коментар, што вклучува сексуално вознемирување и слично. Таа посочи и дека не е сѐ така црно и дека Државната изборна комисија има усвоено Процедура за заштита од сексуално вознемирување чија цел е да ја  подобри а родовата еднаквост во работата на ДИК и на зголемување на учеството на жените во изборниот процес па таа во пресрет на локалните избори оваа година имаме одредено ниво на заштита.

Она што охрабрува е дека над 80% од нашите испитанички изнесоа примери преку кои се трудат да ги адресираат овие прашања директно, односно да не го изолираат како појава фактот што физичкиот изглед на жените на пазарот на труд често се користи како предуслов за вработување и напредок на работни позиции од страна на работодавците, кое не се поставува како услов за мажите. Овој однос, не само што се базира на очекувања врз база на тоа како треба да изгледаат, недолични коментари околу должината на здолништето и нивната компетенција, ејџизмот и изгледот.

На ова прашање разговаравме и со надлежните органи, па така од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација во Република Северна Македонија, посочуваат дека немаат пријави за дискриминација поради физички изглед, како и дека следствено на ова, немаат препораки за заштита од ваков тип дискриминација. Комисијата наведува дека постапува по сите претставки кои се доставени до неа, а кои ги исполнуваат елементите на претставка согласно член 24 од Законот за спречување и заштита од дискриминација. Непријавувањето на овој тип на дискриминација во официјалните органи за заштита, укажува дека во Република Северна Македонија мора темелно да се работи на родовата еднаквост и правата на жените во контекст на паазарот на трудот, каде овие теми често се ,,пикаат под тепих”, се игнорираат или се нормализираат како дел од секојдневните работни односи, што прави третманот на овие прашања да поминува скоро безгласно.

Натали Китаноска и Ивана Јовановска / Трн.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Николоски: Сериозно се разговара со Велика Британија да бидат ослободени од визи три категории на граѓани

June 19, 2025

(ВИДЕО) Инцидент во Советот на Општина Кочани, повредена службеничка

June 19, 2025
Фото илустрација. Генерирано со ВИ

Американскиот напад врз Иран би донел ризици на секој чекор

June 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Од септември ќе има повторно покачување на пензиите, се уште не сме разговарале дали ќе биде линеарно или процентутално, вели Кочоска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Една пациентка од повредените во пожарот во Кочани сè уште во тешка состојба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозните древни луѓе сега имаат лице

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „ЕИУ“: Копенхаген е најдобриот град за живот на светско ниво

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кинеска морнаричка вежба во близина на Јапонија предизвика загриженост и негодување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk