Македонскиот фудбалски репрезентативец Езгјан Алиоски потпиша денеска двегодишен договор со Лугано, враќајќи се во швајцарскиот клуб за кој настапуваше во сезоната 2015/16.
Триесетитригодишниот Алиоски од 2021 беше член на саудиски Ал Ахли за кој одигра скромни 32 натпревари и постигна шест голови.
„Со задоволство го најавуваме враќањето на Езгјан, кој со своето искуство и личност совршено ги отсликува вредностите и духот на нашиот тим. Откако ни овозможи незаборавни моменти во неговото прво искуство во Лугано, горди сме што можеме заедно да започнеме ново поглавје“, изјави спортскиот директор на Лугано, Сефан Пелцер.
Алиоски кариерата ја почна во Јанг Бојс, по што настапуваше за Шафхаузен, Лидс и Фенербахче.
За македонската репрезентација досега собра 60 настапи и постигна 12 голови, од кои последниот во неодамнешното реми 1-1 против Белгија во Скопје во мундијалските квалификации.