ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ВОЈНА ВО УКРАИНА

Кон обновата на Украина

June 23, 2025 15:58
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Амб. ЛАРИСА ДИР
Вонредна и Ополномоштена Амбасадорка на Украина во Република Северна Македонија

Секојдневно рф нанесува непоправливи загуби, убивајќи Украинци и предизвикувајќи штета на инфраструктурата и животната средина на Украина. Одбивајќи ги сите мировни предлози, русија не само што продолжува со ракетирање на украинските градови, туку и упатува закани до други странски држави.

Јасно е дека за да се принуди рф на мир, мора да се зголеми притисокот и да се воведат построги санкции што би ја намалиле способноста на кремљ да ја финансира војната и би ја ослабиле економската база на рф. И не само економската база на рф, туку и на оние кои ѝ помагаат да ја продолжи агресивната војна (Украина ја цени позицијата на Северна Македонија која се приклучува на санкциските пакети на ЕУ).

Санкциите треба најмногу да ги погодат банкарскиот и енергетскиот сектор на рф. Особено ефикасно би било значително намалување на цените на нафтата, што ќе предизвика проблеми со полнењето на рускиот буџет – буџет кој финансира убиства и разурнување во Украина.

русите треба да немаат пари дури ни за чизми, со кои ја валкаат украинската земја – а можеби така ќе ги спасат и сопствените нозе од украинските дронови.

Украина се брани и ќе продолжи да се брани.

Украина се обновува и ќе продолжи да се обновува.

Дури и за време на оваа неиспровоцирана агресија од страна на рф.

 

1 of 6
- +

1.

2.

3.

4.

5.

6.

Вкупната проценета вредност на обнова и реконструкција на Украина во наредната деценија, според Владата на Украина, Групата на Светска банка, Европската комисија и ОН, изнесува 524 милијарди американски долари. Во објавената проценка се наведува дека директната штета достигнува 176 милијарди долари.

Најголема штета имаат претрпено: станбениот сектор, транспортот, енергетиката, трговијата, индустријата и образованието.

Најпогодени се економските сектори во Донецката, Харкивската, Луганската, Запорижската, Херсонската и Кијивската област.

Особено треба да се нагласи дека лани штетата на украинското земјоделство (вклучително и последиците од уништувањето на Каховската брана од страна на русија) се проценува на над 80 милијарди долари.

Посебно важно прашање е хуманитарното деминирање на Украина, за кое се проценува дека ќе чини околу 40 милијарди долари.

Владата на Украина воспостави институционален механизам и спроведува реформи за подобро планирање и реализација на напорите за обнова. Исто така, Украина очекува привлекување странски инвестиции, а еден од ресурсите за обнова треба да биде и конфискацијата на замрзнатите руски средства.

Поради целосната инвазија од страна на рф, Украина претрпува разорни последици врз економскиот развој – уништени се производни капацитети, инфраструктурни објекти, ограничена е економската активност во зоните на борбени дејства, како и постојаната закана од воздушни напади на целата територија на Украина.

Сето ова ги отежнува перспективите за економско закрепнување. Штетата предизвикана од руската војна продолжува да расте, но Украинците покажуваат значителна издржливост: Украина мора да продолжи со зголемување на производството на високотехнолошки производи, интеграција во европските производствени синџири, активирање на инвестиционата активност и развој на индустрискиот сектор преку модернизација и иновации.

Во екстремно тешки воени услови, Украинците се соочуваат со многу тешка задача – обезбедување економска безбедност. Помошта од партнерите, секако, е високо ценета.

Украина ги користи сите меѓународни платформи за создавање на одржливи механизми за обновување.

Им изразуваме благодарност на сите партнери кои редовно учествуваат на Ukraine Recovery Conference, која оваа година ќе се одржи во Рим (10–11 јули 2025). Имаме голема надеж за продолжување на учеството на Северна Македонија во овој меѓународен формат на високо ниво.


Специјално за ЦИВИЛ Медиа.

Фото извор: Амб. на Украина

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Висок ирански функционер: Иран ќе продолжи со одмаздата како одговор на американските напади

June 23, 2025

Макрон повикува на воздржаност и враќање на преговори по нападот на Иран врз американска база во Катар

June 23, 2025

Иранскиот напад врз база во Катар ќе влијае на односите меѓу држави од Заливот и Иран

June 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Во оклопот на вмро, Македонците се желки на трката во Спа Франкоршамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владин функционер со клеветнички напад врз интернет порталот Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лојалност – награда – глупост

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Велика Британија го предупредува Иран дека нападите врз американските бази и блокадата на Ормутскиот теснец би биле катастрофална грешка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поскапуваат горивата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk