ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

June 23, 2025 16:05
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ОПШТЕСТВО
Фото: МИА

Фото: МИА

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.

Со нив работат лекари специјалисти од Клинилата за пластична хорургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтска терапија.

-Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта, со што некои постепено се враќаат на своите нормални спортски активности од претходно. Сите се вклучени во системот „Мој термин“ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква., истакна Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани.

На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП терапијата на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.

-Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ од Скопје.  Во нашата болница ќе продолжи и физикалната терапија за 16 повредени, оваа недела ќе се реализира во втора смена, во адаптираните простории на хирургија. Дополнително, стигнаа и повредените од болницата „Пирогов“ во Софија кои ќе се вклучат во терапијата во болницата кај нас, затоа што сѐ уште ќе имаат обврски за прегледи во бугарската здравствена институција. Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму, додаде Мирчовска.

Во втората група повредени кои ќе престојуваат на Пониква, освен оние на кои име потребна физикална терапија, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им завршило лекувањето.

Tags: КочаниповредениПониква
Next Post

Нападната американска воена база во Сирија

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Фото: ффм

Масев осуден на четири години затвор

August 8, 2025

Локалните избори 2025, политички наративи, злоуотреби и ризик од дезинформации: Што треба да знаеме?

August 8, 2025

Поради сообраќајка во прекин регионалниот пат Маврови Анови – Дебар

August 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • OpenAI го претстави GPT‑5, достапен за сите корисници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На Халкидики се удави 75-годишна македонска државјанка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е „Сторм-1516“- групата за дезинформации поврзана со Кремљ која стои зад руските лажни наративи што ја преплавуваат Европа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Масев осуден на четири години затвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk