Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во Хаг, на покана на холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс, ќе учествува на работна средба на министрите за одбрана на земјите членки на Алијансата.
-На средбата организирана на маргините на Самитот на НАТО, министрите за одбрана ќе разговараат за неколку клучни теми поврзани со одбраната – инвестициите во одбраната како предуслов за исполнувањето на НАТО Целите на способности, како и развојот на одбранбената индустрија – клучен елемент во зацврстувањето на капацитетите на Алијансата во исполнувањето на заедничката цел – безбедно НАТО, сигурни над една милијарда луѓе, соопшти Министерството за одбрана.
Во Хаг утре ќе се одржи Самитот на Алијансата, каде што нашата држава ќе биде претставена од делегација предводена од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, заедно со министрите за одбрана и за надворешни работи и надворешна трговија, Владо Мисајловски и Тимчо Муцински.