Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека само Советот за национална безбедност на државата ќе одлучува за извоз на муниција во наредниот период.
Вучиќ изјави дека ќе се создаде „црна, сива и бела листа“ на земји во врска со извозот на муниција од Србија.
„Сега постои наредба од Советот за национална безбедност до Министерството за трговија дека повеќе нема муниција да излегува од Србија, но тоа претставува сериозен проблем за нас“, изјави Вучиќ.
Тој нагласи дека од синоќа е изложен на „голем притисок однадвор и одвнатре“ по објавувањето на прекинот на извозот на муниција од Србија, и дека добил информации дека ќе има демонстрации во фабриките на наменската индустрија уште во јули.