ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Иранскиот парламент гласаше за суспендирање на соработката со нуклеарниот надзорник на ОН

June 25, 2025 13:17
in ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот

Скриншот

Иранскиот парламент гласаше во среда за суспендирање на соработката на земјата со нуклеарниот надзорник на ОН, Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), објави државниот медиум IRIB, пренесува Си-ен-ен.

Одлуката на Иранското исламско консултативно собрание, познато како Меџлес, сега ќе треба да биде ратификувана од Врховниот совет за национална безбедност, со кој претседава претседателот Масуд Пезешкијан.

Гласовите на Меџлес, особено кога се однесуваат на надворешни работи, често се сметаат за симболични, освен ако не се поддржани од помоќното тело избрано од врховниот лидер Али Хамнеи. Во неделата, по нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки, парламентарниот комитет за национална безбедност и надворешна политика му предложи на законодавното тело Ормутскиот теснец, кој се наоѓа на јужниот брег на Иран, да биде затворен. Таа одлука на крајот ќе биде донесена и од Врховниот совет за национална безбедност.

МААЕ инсистираше на продолжување на односите со Иран, прекинати поради невидените напади на Израел врз нуклеарните постројки во земјата, почнувајќи од 13 јуни.

Во вторник, надзорниот орган објави соопштение во кое го поздравува крајот на 12-дневниот конфликт, велејќи дека „инспекторите на МААЕ останаа во Иран во текот на целиот конфликт и се подготвени да почнат со работа што е можно поскоро, враќајќи се на нуклеарните постројки во земјата и проверувајќи ги залихите на нуклеарен материјал – вклучувајќи повеќе од 400 кг ураниум збогатен до 60% – што последен пат го проверија неколку дена пред почетокот на израелските воздушни напади на 13 јуни.

Си-Ен-Ен контактираше со МААЕ за дополнителни коментари.

Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: ирански парламентнуклеарниот надзорникОН
Next Post
Папа Лав XIV Фото: Скриншот

Папата Лав Четиринаесети ги повика Иран и Израел на дијалог и мир

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk